Во петокот минатата недела се дефинираше нарачката за ауспухот, се нарачаа точните елементи како што е фабрички со катализатор. Мислам дека нареден викенд ќе се мести, но да не зборам пред рака нека стаса па ќе организирам што треба.
Досега се доземаа уште работи, најголем проблем беа цевките за кочници назад од петти цилиндар према трап. Кај мене беа доста изгниени од старата шасија, нови тешко се наоѓаат, а за половни да не збориме. Отидов со мустра во Нини комерц ама не сакаа да ми направат со изговор дека немаат алат иако со сигурност знам дека претходно се правеа црева таму за друг проект. Нивна работа не им се мешам во бизнисот, а јас успеав да се снајдам со комбинација од Голф 3 и 4.
Деновиве земав нов ладник, црева за кочници нови напред и назад. Напред имаше само ЛПР а назад АТЕ. Купен е нов ладник, казанче за антифриз, капаче, плочки за кочници, дискови нерѓосувачки на АТЕ, сајли за ручна, сет за репарација на шепи, итн.




Полека се монтираат деловите на колата.



