Автор Тема: VW Golf MK2 GTI 16V  (Прочитано 141033 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #315 на: 07 Јули 2018, 01:17:58 am »
Одлично изгледа, со среќа и што поскоро да се вози. Многу љубов, труд и пари вложувате, браво.

Отсутен DzOle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 381
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #316 на: 07 Јули 2018, 19:18:34 pm »
Wow преубава боја прав избор .


Noo New Model Cars...I'm Riding Old SchoOl !!!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #317 на: 07 Јули 2018, 23:43:21 pm »
Другари, тоа е тоа, цел ден работа и колата е конечно вапцана.



Денот започна со доста високи температури и беше претопло, непогодно за фарбање со хартерот што го земав така да планот беше да почекаме после до 4-5 часот па да се вапца.

Така дневните активности започнаа со paint remover да видиме во што состојба е левата врата која ја земав минатата недела. Можам да кажам дека среќата конечно ми се насмевна, грам кит нема на вратата ниту пак некој вал.



Па префрливме на изолирање на колата за да биде спремна пред фарбање. Другарот од лево надгледува стручност во работата  :P



На пат кон комората.







Ја сместивме во комора, ја одмастивме од одпечатоци од прсти и други нечистотии со антисил па ја пребришавме со восочна крпа.

Посебно внимание посветивме на прагови и полумесеци.





Па удривме со нанесување на слоеви боја.







Крајниот резултат... нема потреба од зборови... можам да ви кажам само дека од возбуда качив температура после 12 саати на нога.






Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #318 на: 08 Јули 2018, 00:00:20 am »
Браво! Мераци!
Мене колку ми е кеиф што ја гледам, можам да замислам тебе како ти било. ;D
Перфектно испаднала.

Посебно ми се свиѓа што е посветено внимание на деловите кои просечен "мајстор" ќе ги офарба како било пошто не се гледаат...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #319 на: 08 Јули 2018, 08:31:07 am »
Секоја чест! Бојава сон.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #320 на: 08 Јули 2018, 10:18:31 am »
Браво момци! Со мерак ги следам темиве!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #321 на: 08 Јули 2018, 14:34:21 pm »
Другари, последен апдејт за викендов. Ја зедов колата од комора и ја вративме во сервис, наредна недела ќе се досредат останатите делови од лимарија и следен викенд на тркала 4 да ја застанам.









И морав да видам со штопови како изгледа хахахха


Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #322 на: 08 Јули 2018, 14:38:19 pm »
П.С. Бев и кај @Deno да финализираме изборот на материјали за ентериерот. Можам да кажам само дека ќе биде one of one. Многу сакам едноставен дизајн и елегантност и Дено ме разбра на што целам, сега останува да се сработи се.

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #323 на: 08 Јули 2018, 19:53:03 pm »
Секоја чест, предобро изгледа бојата!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #324 на: 16 Јули 2018, 11:07:45 am »
Фала ви другари на поддршката и пофалбите, мотивацијата е секогаш добредојдена.

Се работи на колата активно, но полека бидејќи чекам да се ослободи гаражата пда се носи овде во Скопје. Во меѓувреме е симната бојата од левата врата која ја набавив последна после доста маки, лајсната напред под фаровите и сончевиот кров.





Се останато е во филер, спремно за фарбање па местење.





Предниот везен носач е очистен и офарбан... изгледа како нов.





И за крај... ја симнав на 4 тркала... конечно после толку време застана на земја онака како што треба. Засега подвозјето е старото наместено провизорно колку да се транспортира колата, се друго е ново стасано се чува во кутии дома под перница  8)




Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #325 на: 16 Јули 2018, 12:41:24 pm »
Детално... тоа ми се допаѓа!

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #326 на: 19 Јули 2018, 13:05:16 pm »
Додека уште се чека на моментот колата да се донесе во гаражата во Скопје да почне финалното собирање се фарбаат останатите делови од каросеријата од внатрешна страна, па ќе се однесат во комора за вапцање од надвор.





Уште ме плаши кровчето како ќе се мести без да се оштети  :-X

Држачиве од хауба исто добија нова боја.



И хаубата од внатрешна страна конечно почна да се вклопува во целината.




Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #327 на: 19 Јули 2018, 15:13:22 pm »
Мачкај школката со блекап, ако ти ја фати сонце ќе ти двои од хауба, крила и врати, не се заебавај :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #328 на: 19 Јули 2018, 15:49:43 pm »
Хахахаха, @зоки-златен заштитен е со фактор 90ка :D

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: VW Golf MK2 GTI 16V
« Одговори #329 на: 23 Јули 2018, 13:03:22 pm »
Уште еден апдејт другари, немам слики у моментов ама ќе прикачам веднаш штом сликам.

Викендов го земав менувачот, го чекав некое време таксан ми беше, тој што беше со моторот заедно кога го купив имаше луфта на фланши и бирач. Другарчето да е живо и здраво само не сакаше да го земам тој, туку ме замоли да почекам ако не е итно и ќе ми најде подобар без луфти. Речено-сторено.

Дополнително си ја земав кутијата за парно/клима што е внатре во кабината. Лошо е што сум остарел па пола од работите што ги мислев да ги земам по пат ги заборавив па ми текна на нив кога веќе тргнав накај дома.