Вејронот е тој што остави печат во авто индустријата, постави нови стандарди. И нормално после сите други производители се разбудија и почнаа да се тркат да го стигнат па дури и надминат, еве ќе кажеме коенигсег бил побрз, па нека е нема ништо лошо во тоа. Но вејрон е тој што ја започна приказната. Еее сега новиот... новиот модел Широн (или как и да е) е ништо друго освен нов модел. Или еве дури ќе кажам фејслифт. Значи обичен фејслифт... Незнам што се очекуваше од ова. Да биде нешто појако или на нов левел, треба значи да и вградат крила и да полета. Епа за жал не е тоа.
Што се однесува на цената, еве што мислам јас: да бидеме реални, се знае кој ќе купува бугати, некој богаташ што едноставно му е битен престижот. Ќе вози автомобил кој на хартија има импресивни бројки како во перформанси така и во цена, елегантен дизајн - и тоа е тоа што му прави сатисфакција на идниот сопственик. Може тој арапски шеик 2 пати во живот ќе се осуди да вози до 300км/х и 90% од времето ќе си вози нормално и ќе ужива во погледите на пешаците. Чувство што нисан гтр никогаш нема да може да му го пружи.
Да бидеш дел од тој свет, да имаш пријатели, колеги, што возат хипер автомобили, ти со нисанот меѓу нив да се појавиш ќе ти биде срам, како со југо да одеш на bmw собир... се работи за престиж не за цена-перформанси