@Stratro
Првиот коментар на видеото:
А понатаму. Вејронот а и овој негов наследник се важни од сосема друга гледна точка за нас нормалните луѓе и ентузијасти. Значи да немаме средства да ги купиме, но не е тоа поентата. Тоа не се коли кои треба да ги купиме. Тоа е нешто што Формула 1 беше во 80тите. Максимумот на денешното општество и технологија. А тој максимум капе надолу, и бутка многу многу гранки. Ние пак неможеме да купиме Ф1 болид ниту пак да го возиме по улици, но ги гледаме бенефитите од него после неколку години. До пред да искочи Вејрон, Ферари и Порше и Мекларен и остали беа толку улежани... Улежани... Улежани... Уседлани во фотељата... Згоени, здоени, наредено... И дојде Вејрон. Имало коли побрзи од Ферари и порано, Мекларенот беше. Ама Вејронот измисли нова класа на возила која е над се што имаше на понуда Ферари, Порше, Мекларен и сличните. И сеуште е класа изнад нив.
1:07:30
http://dai.ly/x2i6f4w?start=4057Ги размрдаа газовите. Почнаа да ставаат по 100кс во секој следен модел, а не по 4кс. Почнаа да мислат на понови верзии, појаки верзии, побрзи верзии, на подобар ентериер, на подобар дизајн, на попривлечно нешто. Зошто не се веќе они бенчмаркот, туку тогаш излезе нов бенчмарк. Тие станаа просечни производители за западните народи. 400кмч беше мислена именка пред вејрон, сега веќе има доста коли кои одат 400кмч. 300кмч беше нешто непоимливо, нешто страшно, сега 300кмч е нај нормална брзина. Забрзувањата 300-320траеа по пола саат. Сега веќе 300-400 се одвива во неколку секунди. Се поместија границите комплетно со излегувањето на таа една кола. И сега еве го нејзиниот наследник. За пак да им објасни на децата што може да се направи, ако се седне и се згрее работното столче.