Пошто и јас се развозев денеска со колата благодарение на @zeroSignal ке споделам и јас неколку мои видувања.
Количето си е сосема пристојно.
Ми се допаѓа тоа што има удобно возење, моторот е многу тивок како за дизел.
Комоција и удобно седење, седиштата се добро дизајнирани.
Бучавата е евидентна дека доаѓа од гумите.
Се слуша минимално шушкање од кај кедерите на брзина над 100км/ч.
Свиркањето кое го имаше приметено дени се јавува на брзина од над 90км/ч и доаѓа некаде од напред.
Треба истото да се провери и не некој друг модел, бидејќи не сме сигурни дали е тоа нешто кое доаѓа од несоодветно наместен кедер, пластика етц етц. Инаку не се приметува освен ако не се задлабочиш и не се ориентираш на него.
Останатите работи веќе кажани.
Мое лично мислење е дека возилото си ги вреди парите.