Автор Тема: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business  (Прочитано 16788 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« на: 28 Јануари 2016, 16:57:01 pm »
Денес земав на тест Hyundai i30 со турбодизел, второ ниво на опрема.

Први импресии:

- Сè уште не ми е нешто посебно на изглед. Се двои од европските конкуренти.
- Фино и тивко моторче. Вери најс. Првична потрошувачка низ град е околу 6 литри на 100.
- Добро заштрафен ентериер.
- Стварно комотни седишта (напред, задните не сум ги проверил). Многу пријатно изненадување.
- Океј менувач.
- Наслонот за рака не се поместува. Мене ми е премногу наназад, не ми брка работа. Нешто што во секојдневно возење би ми сметало.
- Ултра-лесно сервор. Фидбек никаков, ама лесно маневрирање. Знам луѓе на кои многу би им се свиѓало ова.
- Централната конзола е малку олд-скул, ама во рамките на прифатливото за 5 години стар модел.

Повеќе, наскоро.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13844
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #1 на: 28 Јануари 2016, 17:02:55 pm »
После триесет години (Голф 2) никако да се спушти потрошувачката од 6л/100км градска :D

Ајде чекаме повеќе импресии

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #2 на: 28 Јануари 2016, 17:38:26 pm »
Дизелите не се многу напреднати во поглед на потрошувачката, туку во поглед на сила од литар.

Го проба на обиколница? Како е на 150?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #3 на: 29 Јануари 2016, 18:48:14 pm »
Идемо даље..

- Фино возење низ град. Колата е на зимски гуми, па возењето е ептен меко. Скоро ништо не се осеќа.
- Дури и кога седи повисочок човек напред, на задната клупа има место.
- Предните седишта се стварно фини, ни задните не се лоши.
- На 120 е на 2500 вртежи во минута. Тивко е внатре, може многу лесно да се праи муабет. Заборавив да видам потрошувачка, ама ќе проверам.
- На 150 е на нешто повисоки вртежи во минута, ама сè уште може релативно лесно да се праи муабет.
- USB и блутут се убава работа.
- Потрошувачката низ град се стабилизира на нешто над 6 литри.
- Сè уште ми смета што централниот наслон не се извлекува напред.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #4 на: 29 Јануари 2016, 18:54:57 pm »
Во директна споредба со твојот голф, што е подобро/полошо?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #5 на: 29 Јануари 2016, 19:02:43 pm »
Вистинскиот мотор за колава.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #6 на: 29 Јануари 2016, 19:03:17 pm »
Во директна споредба со твојот голф, што е подобро/полошо?

Хм..

Субјективно, Голфот подобро ми изгледа. Има подобро дизајнирана кабина (во i30-ката е океј, ама и се познаваат годините на централната конзола, личи на AIWA системче од почетокот на 90-тите), подобри седишта, поцврстата суспензија подобро ми одговара и не ми се свиѓа overassisted сервото кај i30-ката.

Од друга страна, i30-ката е дефинитивно повеќе ориентирана кон комфор, и разбирам зошто луѓе би ја одбрале. Суспензијата (особено со зимските гуми) многу компетентно апсорбира нерегуларности, цената е дефинитивно на страна на i30-ката. Моторот работи забележително потивко во однос на мојот 2.0 TDI, особено на ладно. Мислам дека споредено со голфот има повеќе простор на задната клупа, ама во Голфот скоро никогаш не сум се возел позади. Ми текнува само еднаш дека сум се возел позади.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #7 на: 29 Јануари 2016, 19:08:20 pm »
Доволно добро опишано. Уште на 180 да видиш дали рика ко магарица и дали шушти ветерот прекумерно.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #8 на: 29 Јануари 2016, 19:13:57 pm »
Zero, дали има можност и јас да се повозам во дизелот, и ако да, кога и како.
Фала.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #9 на: 29 Јануари 2016, 19:16:13 pm »
Доволно добро опишано. Уште на 180 да видиш дали рика ко магарица и дали шушти ветерот прекумерно.

Ќе заборавев - има фарови со лупа, тоа многу ми се свиѓа. Од друга страна, едниот фар веќе има пропуштено влага, ама ова е демо возило па такви работи не земам здраво за готово.

Zero, дали има можност и јас да се повозам во дизелот, и ако да, кога и како.
Фала.
:)

Секако, кај мене е колата до Понеделник, ќе организираме нешто, најверојатно во Недела. :)

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #10 на: 29 Јануари 2016, 19:19:02 pm »
OkeT :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3721
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #11 на: 29 Јануари 2016, 23:36:43 pm »
Некако високи вртежи има при 120км/х веројатно е со пет брзински менувач.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #12 на: 29 Јануари 2016, 23:40:18 pm »
2500рпм при 120кмх се многу високи?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #13 на: 30 Јануари 2016, 07:34:15 am »
Колку за споредба, кај мене е под 2000.

Енивеј, уште една работа што (субјективно ми) оди на нерви. Прозорците немаат автоматско отворање/затворање. Односно, возачкиот прозорец има Auto Down, ама мора да се држи копчето за да се затвори скроз.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Hyundai i30 1.4 CRDi 90 Business
« Одговори #14 на: 30 Јануари 2016, 08:52:08 am »
facepalm

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need