Кај сите седани отворот за багажник е мал, па внесување поголеми предмети е проблем.
Точно.
Далечната 1993-та во стојадинот имавме товарено комбиниран фрижидер. Го собра без проблем. Ама тоа беше пред едно 22 години. За да дојдеш на ред да ти го донесат уредот до дома ке треба да помине цела вечност.
Во денешно време за среќа сите продавници имаат повеќе комбиња, па потреба за отворен систем на гепек не гледам. Освен ако не сакаш да платиш од точка А до точка Б во градот 300 денари да ти го донесат со такси, или бесплатно со нивниот превоз.
Или па ако си фанатик да имаш седан и да можеш да товариш фрижидер во гепек. Во тој случај да, оправдана е твојата теза.
Во секој нормален седан и најголемиот куфер влегува без проблем. Си видел шверцерска торба?
Да и неа ја собира без проблем.
Е сега околу забелешката дека држачите на гепекот сметаат, да, точно е. Но куферите и сите коцкасти работи ке си ги сместиш централно, а сите оние кеси, ранци и тракатанци ги ставаш покрај страниците и така имаш доволно простор и нема ништо да смета или пречи.
И на краева ако баш ти треба толку многу простор покрај фрижидер, да товариш и шпорет, купи си пикапче.