Пошто ја видов во живо перд некое време уште, да искоментирам и јас нешто
Во живо е доста убава колата, тие што викаат дека не се разликува од минатиот момент грешат. Значително подобрена визуелно, не драстично ама значително.
LED светлата изгледаат одлично. Графиката на задните светла ми остави позитивен впечаток! Убави ми се!
Внатре квалитетот е дигнат на ниво две три погоре од минатата Астра. Воланот е убав (мене многу ми значи убав волан). Минатата Астра имаше грдосија од волан!
Минатата астра имаше портокалов борд компјутер украден од Фиат Темпра 1998 година. Мило ми е што го сменија тоа и влегле во 21ви век!
Убави и големки ретровизори, што се голем плус за градска кола. Затоа викам и убави, пошто обично поглем ретровизор угрдува, ама овдека сосема складни изгледаат.
Тоа што мене ми остави најголем впешаток е тоа делче на задниот стоб (ц столбот)
Не знам зашто, ама многу ми се присвиѓа овој детал.
Кога ја гледав во Олимпија, не заприметив, а по сликиве од класниот ми изгледа доста височка?
Се на се астрата е одличен пакет. Добра конкуренција во класата. Доколку има добри возни својства, како што кажува Класниот ондак е супер! Оние работи што „штрчеа“ кај минатата се сменети.
Цената ја коментирав и пак ке кажам незамисливо е кола со 1.4 турбо бензинец во оваа класа да биде толку пари. Да знам дека има еден тон опрема ама е срамота. Од друга страна, стално јадеме гом*а за импортерите дека регистрираат тест возила со ниво на опрема такозвано НАГРАДНА ИГРА, а и кога ке регистрираат топ оф д лајн кола пак не ни одговара. Арно ама сите кога ке го видат демо возилоте, ке слушнат што мотор има и ке ја слушнат ценава ке речат фала пријатно.
Да не ме сфатите погрешно, видов дека и Голф у хајлајн ниво на опрема со 1.4 тси е 21-22 илјадарки - претеризам, немам зборови.
На конкретнава астра ке и ја извадат душата и ке ја дадат на крај за 16 илјадарки, додека македонската астра изгледа вака и кошта 14 илјади евра без попус и без боја