Автор Тема: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150  (Прочитано 26822 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #30 на: 19 Јануари 2016, 17:57:18 pm »
Добро бе мајкуму толку ли им е тешко право да ги наместат таблиците...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #31 на: 19 Јануари 2016, 21:03:28 pm »
Продолжуваме..

- Прегледноста не е идеална. Ветробранското стакло е прилично закосено, а А-столбовите прилично дебели. Прегледноста кон задниот дел е ограничена заради малото задно стакло и замашните Ц-столбови. Ме потсеќа малку на мојот Леон во тој поглед. Си бара сензори.
- На задната клупа дефинитивно има место, влегувањето и излегувањето е лесно пошто задните врати се отвараат широко.
- Багажникот делува мал, а е тука некаде во класата. Според спецификација има 380 литри багажник, ама губи од 308 што има 470 литри, Голф има 380, Мазда 3 има 360, Фокус има 360. Тука е некаде значи.
- Не би ја земал црна. Убава кола е, ама со црната боја се губат линиите.
- Фина е за возење. Иако е на 17-инчни тркала не е премногу тврда низ град. Сите контроли се генерално убави за користење, меки педали, ово-оно. Директно управување, ама без фидбек на волан. Како и да е, убаво и лесно менува насока на движење, без оноа трунтавото префрлање на тежина лево-десно.
- Дефинитивно смета кластерот со сензори поставен пред ретровизорот. Претпоставувам дека би се навикнал на него после некое време, ама низ град смета, приметувам дека се наведнувам ниско за да го видам семафорот.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #32 на: 19 Јануари 2016, 21:23:13 pm »
Пошто ја видов во живо перд некое време уште, да искоментирам и јас нешто :)

Во живо е доста убава колата, тие што викаат дека не се разликува од минатиот момент грешат. Значително подобрена визуелно, не драстично ама значително.

LED светлата изгледаат одлично. Графиката на задните светла ми остави позитивен впечаток! Убави ми се!
Внатре квалитетот е дигнат на ниво две три погоре од минатата Астра. Воланот е убав (мене многу ми значи убав волан). Минатата Астра имаше грдосија од волан!
Минатата астра имаше портокалов борд компјутер украден од Фиат Темпра 1998 година. Мило ми е што го сменија тоа и влегле во 21ви век!
Убави и големки ретровизори, што се голем плус за градска кола. Затоа викам и убави, пошто обично поглем ретровизор угрдува, ама овдека сосема складни изгледаат.

Тоа што мене ми остави најголем впешаток е тоа делче на задниот стоб (ц столбот)



Не знам зашто, ама многу ми се присвиѓа овој детал.

Кога ја гледав во Олимпија, не заприметив, а по сликиве од класниот ми изгледа доста височка?

Се на се астрата е одличен пакет. Добра конкуренција во класата. Доколку има добри возни својства, како што кажува Класниот ондак е супер! Оние работи што „штрчеа“ кај минатата се сменети.

Цената ја коментирав и пак ке кажам незамисливо е кола со 1.4 турбо бензинец во оваа класа да биде толку пари. Да знам дека има еден тон опрема ама е срамота. Од друга страна, стално јадеме гом*а за импортерите дека регистрираат тест возила со ниво на опрема такозвано НАГРАДНА ИГРА, а и кога ке регистрираат топ оф д лајн кола пак не ни одговара. Арно ама сите кога ке го видат демо возилоте, ке слушнат што мотор има и ке ја слушнат ценава ке речат фала пријатно.
Да не ме сфатите погрешно, видов дека и Голф у хајлајн ниво на опрема со 1.4 тси е 21-22 илјадарки - претеризам, немам зборови.

На конкретнава астра ке и ја извадат душата и ке ја дадат на крај за 16 илјадарки, додека македонската астра изгледа  вака и кошта 14 илјади евра без попус и без боја :D




Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #33 на: 19 Јануари 2016, 23:10:48 pm »
Барем Анти-алијасинг да употребеле за рендеров.
Претпоставувам дека основната верзија ќе биде анти-алијасирана од фабрика пред  да ја испорачаат.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #34 на: 19 Јануари 2016, 23:16:10 pm »
Не не, вакви ги даваат :)

Сликата не ја измислив, официјално од каталог на импротерот за опел у МК

повели - http://opel.olympiamotors.com.mk/getImage?path=Downloads%2Fcountry_1382046916636%2Fdoc_1453118912630_mk_astra_k_2016_01_04.pdf

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #35 на: 19 Јануари 2016, 23:20:59 pm »
Ниво на опрема „За наградна игра“ :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #36 на: 19 Јануари 2016, 23:29:35 pm »
Ниво на опрема „Среќни Тркала“



*Важна напомена: автомобилот доаѓа со 12 инчни челични тркала, сликата е само за илустрација

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #37 на: 19 Јануари 2016, 23:57:07 pm »
Фина е Астрава, поготово ентериерот. Многу убави седишта и фино среден иструмент панел со централна конзола. Воланот е исто така убаво направен, иако би сакал да е малку помал. Има доволно место и кога се седи комотно, на сметка на багажникот кој е помал. Што ми се допаѓа повеќе одколку кај 308 што дале приоритет на багажникот пред просторот во кабината.

Од надвор формата е речиси иста со претходната генерација, само што тука има малку поостри линии. Генерално ми се допаѓа со исклучок на делот кај задниот завршеток на лајсната и задниот браник ми е малце без врска.

Во возење добро лежи на пат, а и моторот не вади лош звук. Само што е малку тром за тие "150 кс". Добро ги прима нерамнините на патот и има добра звучна изолација.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #38 на: 20 Јануари 2016, 08:32:01 am »
Мене уште ме чуди потрошувачката. Ако може уште една проверка, Зеро? :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #39 на: 20 Јануари 2016, 08:42:57 am »
Сакам овој мотор да го испробам, да видам дали е вистина ова што го пишува на хартијата

1.0T SIDI S/S   I3   999 cc   105 PS (77 kW; 104 hp) at 5000 rpm   170 N·m (125 lb·ft) at 1800-4250 rpm

и која потрошувачка би ја вадел моторов.

Според спекс, треба да оди 200кмх, да забрзува до 100кмх за 10.5с и да троши 4.4 во просек:

http://www.topgear.com/car-reviews/vauxhall/astra/10t-12v-ecoflex-sri-5dr/spec

Што е феноменално и премногу добро да биде вистинито.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #40 на: 20 Јануари 2016, 08:49:38 am »
Добро бе уште ли се лажеш на бројќи од окулу 4 литри?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #41 на: 20 Јануари 2016, 09:33:32 am »
Визуелно, doesn`t float my boat.
Чекам ГТЦ / ОПЦ верзија мада се сомневам дека ќе ја надминат претходната за која единствен проблем и е што сум престар за неа.



Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #42 на: 20 Јануари 2016, 10:36:23 am »
Најверојатно нема да има GTC изведба од оваа генерација, бидејќи Opel веќе претстави тркачки модел базиран на верзијата со 5 врати: http://www.carclub.mk/2015/10/16/nameneta-za-trkackite-pateki-opel-astra-tcr-so-330-konjski-sili/

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #43 на: 20 Јануари 2016, 11:03:33 am »
Мене уште ме чуди потрошувачката. Ако може уште една проверка, Зеро? :)

Еве, сликнато сабајлево околу 9:30. Бордот е ресетиран кога ја земав колата во понеделникот.



Колата е возена нормално. Без непотребно стискање, без лигавење.

Edit: Имајте во предвид дека колава е со помалку од 1000 километри поминати, а деновиве во Скопје е камен ладно. Сабајлево кога излегов од дома во 7:15 беше околу -10.
« Последно менување: 20 Јануари 2016, 11:17:09 am zeroSignal »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: CARclub Тест: Opel Astra K 1.4 Turbo 150
« Одговори #44 на: 20 Јануари 2016, 11:04:09 am »
23500?!? На што дрога се во Опел? Мора да е нешто многу јако! Сакам да пробам!
Ум шо идит отпосле не јет ум!