Автор Тема: Best buy/sale возило до 4000 eur  (Прочитано 30994 пати)

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 325
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #75 на: 18 Јануари 2016, 14:45:09 pm »
Авторот сака да каже , скапи ти се е46ки за одржување , а јагуаров не. :)
Мислам дека "Јагуаров" дели мнооогу работи со Форд Мондео, така да паѓа во вода муабетот за скап и wow-јагуар-возам муабет ;)

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #76 на: 19 Јануари 2016, 17:09:26 pm »
За астрата ќе го земам твојот совет во предвид,ме интересира само како се покажани бензинците,имаат ли некоја скапа маана?Не исклучувам дизел,но незнам за 4К дали ќе се најде соодветна.
Јас имам Астра 1,6 бензин, досега сум немал никаков проблем со  неа, ама имај во предвид дека е прилично нова со 35 000км. Познавам и една со 110 000 км  на бензин/плин 1,4 досега нема пожалено за никаков дефект.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #77 на: 19 Јануари 2016, 17:33:02 pm »
Мојата Astra H купена нова во 2008, веќе има 102000km, од кои последниве 30.000 на плин. Досега само редовен сервис (масло,филтри), три пати свеќички, на последниов беше сменет клинест ремен кој секако е во интервал за менување.
Пред година-две почна да зуе моторчето/клапната при промена на позицијата на вентилаторот за дување внатре/надвор, татко ми го замени при редовен сервис иако мислам дека многу лесно можеше да се поправи, можда едно чистење и подмачкување.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #78 на: 20 Јануари 2016, 14:59:07 pm »
Јас да сум на твое место би ја купил на Симо 166-ката, ако пратиш, сега е регистрирана, има нови
гуми, редовно сервисирана, стегната,  бензин-плин, кожа, и тн.
За тие пари ќе купиш некоја налицкана мачка у вреќа, ама на оваа има возење + добро годиште има.
За продажба,... се освен Гољф е исто.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #79 на: 20 Јануари 2016, 22:26:30 pm »
ја зборевме пред некоја страна,да не се повторувам,но не ја исклучувам како можност,токму поради ова:
„За тие пари ќе купиш некоја налицкана мачка у вреќа, ама на оваа има возење + добро годиште има.“

Отсутен TheHeatIsOn

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 515
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #80 на: 22 Јануари 2016, 11:53:20 am »
Najde li nesto asalno posle tolku baranje ?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #81 на: 22 Јануари 2016, 18:32:20 pm »
Мојата Astra H купена нова во 2008, веќе има 102000km, од кои последниве 30.000 на плин. Досега само редовен сервис (масло,филтри), три пати свеќички, на последниов беше сменет клинест ремен кој секако е во интервал за менување.
Пред година-две почна да зуе моторчето/клапната при промена на позицијата на вентилаторот за дување внатре/надвор, татко ми го замени при редовен сервис иако мислам дека многу лесно можеше да се поправи, можда едно чистење и подмачкување.

Убаво што го сменил. На овие во Англија почнаа да им се палат колите.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #82 на: 22 Јануари 2016, 18:48:44 pm »
Од што да им се палат колите? Од изместена клапна на моторче? Нонсенс.

Знам дека имаше некој проблем кај Zafira, но кај Astra првпат слушам.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #83 на: 22 Јануари 2016, 19:26:47 pm »
Моторчето на клапната заглавува и можно е да грее ......Кај мене го извадив бидејќи клапната беше заглавена во една позиција и не реагираше во потрага сум по друго исправно......

Отсутен Rosso Corsa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #84 на: 23 Јануари 2016, 22:10:42 pm »
Najde li nesto asalno posle tolku baranje ?
Нема ни да најде сигурно бидејќи уште од старт лош му е пристапот на барање.
Вели цитирам "Барам старо возило 12 или 15 години кое нема да се расипе и после ќе можам да го продадам за иста цена
или да не изгубам многу.Прво на стара кола која би имала мна пример 250000 км никој неможе да ти гарантира дека се ќе ти биде во ред и нема ништо да се расипе.

Почни да си бараш добар примерок на Голф 4 1.4 бензин.или 1.6 па да му ставиш плин.Ќе поминеш со 3000-3500 евра
и остави уште 100-200 евра за делови,ако се случи нешто за тие 6-12 месеци.

Деловите му се евтини и голф е голф.Во секој момент ќе го продадеш и нема сигурно и да изгубиш многу.
Комшијава го утепа возејќи.Го зема со реални 180000км сега има 290000км и гајле нема.Не е нов но и да се расипе со мали пари го средува да биде супер.

Дизелите пак се многу извозени можеби и дупло повеќе од бензинците и тешко да се најде убав примерок.Сите веќе имаат свртено по 400000км и постојат многу повеќе шанси да се расипе отколку бензинот.Во секој случај убав примерок на голф 4 оди скапо без разлика дали е бензин дизел.Она излупаното е поевтино,но и тоа држи цена.Голф е нешто како злато меѓу колите.


« Последно менување: 23 Јануари 2016, 22:49:00 pm Rosso Corsa »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #85 на: 23 Јануари 2016, 22:12:57 pm »
А Мерцедес E220 CDI (W210)?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #86 на: 24 Јануари 2016, 10:44:40 am »
@Rosso Corsa
пристапот ми е таков каков што е, може да го прочиташ уште еднаш мојот прв пост во темата и да видиш зашто ми е отворена темата и која ми е дилемата. Меѓу другото спомнав и „Не барам понуди од огласи, може и нема да купам возило, но ме интересира што мислите дали уопште може да се најде возило како што барам, и ако да, кој модел конкретно би било тоа“.
Фала ти за предлогот за Голф 4, сигурно ќе го земам во предвид кога ќе се решам да менувам кола.
Апсолутно се слагам со „Прво на стара кола која би имала мна пример 250000 км никој неможе да ти гарантира дека се ќе ти биде во ред и нема ништо да се расипе.“, но не ни барам тоа, туку возило кое се има покажано како доверливо и помалце расипливо од останатите, а и ако се расипе поправката да не биде огин скапа. Се надевам се разбираме. :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #87 на: 24 Јануари 2016, 11:57:26 am »
Затоа најпаметно ти е да идеш на пониска класа, поново годиште, помалце километри ..

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #88 на: 24 Јануари 2016, 13:14:41 pm »
предлози некои?сепак,треба да биде доволно голема да ме собере да ја возам,и во гепек да собира количка за дете :)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Best buy/sale возило до 4000 eur
« Одговори #89 на: 24 Јануари 2016, 15:43:24 pm »
@Rosso Corsa
пристапот ми е таков каков што е, може да го прочиташ уште еднаш мојот прв пост во темата и да видиш зашто ми е отворена темата и која ми е дилемата. Меѓу другото спомнав и „Не барам понуди од огласи, може и нема да купам возило, но ме интересира што мислите дали уопште може да се најде возило како што барам, и ако да, кој модел конкретно би било тоа“.
Фала ти за предлогот за Голф 4, сигурно ќе го земам во предвид кога ќе се решам да менувам кола.
Апсолутно се слагам со „Прво на стара кола која би имала мна пример 250000 км никој неможе да ти гарантира дека се ќе ти биде во ред и нема ништо да се расипе.“, но не ни барам тоа, туку возило кое се има покажано како доверливо и помалце расипливо од останатите, а и ако се расипе поправката да не биде огин скапа. Се надевам се разбираме. :)

Добри се пунтовците со итал мотори можеби за таа цена и најдобри годиште и би имал најмалку проблеми.
Таму нема и што да се расипе.Се е механика.
Втор предлог би бил голф 4 али тешко некој да има ова што велат членовите под 250000км а тоа е веќе сериозна километража за да погодуваме дали ќе ја биде или не работава.Сепак ако мора да се бира меѓу коли голф 4 е стварно добар али треба да се помачиш стварно за да најдеш добар примерок.Неодамна видов едно добро голфче на еден плац.Некој го заменил за голф 6 и ја оставил 4ката.Ама веројатно до сега отишла.

Мој совет.Барај кола до 90-100000км.Се над тоа е ризик односно со се поголеми ризици.