Може и да има добри македонски возила, само што јас немам начекано такви на пазарот. Често одам на шопинг и го познавам пазарот. Македонска кола смрди на канта оддалеку.
Ако не знаеш ти да ја одржуваш колата, тогаш како ќе знаеш дека во овластените сервиси се случува да не ти заменат ни масло ни филтер, да ти променат половен/неоригинален дел а да ти наплатат нов/оригинален. Исто така, КОЈ оди во овластен сервис после втората година? 1% одат, затоа што дерат. Проблемот е многу поголем, затоа што македонскиот метналитет е ВОЗИ ДОДЕКА МРДА, јас на мојата кола ништо не менувам, мојата кола не се расипува. Македонско количе, само за во отпад е.
Штом си поминал 230к во македонија, веројатно е растропана канта, или таква си била уште од нова?
Не мора да е замачкана, само уредна и сервисирана, нефарбана, без очигледни недостатоци.
Увезениве возила и со 500.000км помалку тропаат од македонските со 100.000. А зошто е тоа така ќе ти биде јасно кога ќе прошеташ до италија, германија, холандија. Е сега проблем е шо 9/10 увозни коли се фарбани, ама со многу труд се наоѓа неудиран примерок.