It's a fucking Astra. 1.7 CDTi, 2005 година.
Фактури од сервиси и сметки од автоделови гледав, а и колата сум ја возел, на ниво на НОВО возило е и вожња и мотор, цела комплет.
Во глобала, колата беше купена и сервисирана како возило кое без апсолутно никакви проблеми најмалку 2 пати неделно би се возело на релација Скопје - Берово - Скопје.
Со оглед на тоа што колата ја вози другар ми, не е заштеден ни денар на сметка квалитет на делови и сервисери, зошто нормално, неговите не сакаат колата со нивното единствено дете да остане на сред пат.
И мене не ми беше верно, ама си ги видов и пролистав фактурите и сметките за делови, а како што кажав, во повеќе наврати сум ја возел колата.