Ова не е реклама и немам никаква директна конекција со фирмата -директно искуство со сите 4 репарирани маслени амортизери, состојба одлична, предните истечена гаранцијата од 2 години сеуште држат одлично, задните стари околу 6 месеци, исто така одлични, редовно мерени во Автомобил во Бутел, момците се одлични и секогаш ги препорачувам! Цени на репарација доста поефтини од нови НБНФ (да точно е дека се кинески меѓутоа случајно го поткачив газдата за тоа и ми рече дека е првиот кој го донел Монро амортизерот во Македонија ама имал многу рекламации што воопшто не е случај со НБНФ, ова се негови зборови), ако некој има други искуства слободно нека ги сподели.