Автор Тема: Помош при избор  (Прочитано 30468 пати)

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #45 на: 05 Јануари 2016, 20:38:05 pm »

П.С Поубаво кажано здравје.

Не знам што уште би те прашал, фала ти многу!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #46 на: 05 Јануари 2016, 21:07:20 pm »
Дајте детали за маздата 3 СО КСЕНОН за 15000?

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Помош при избор
« Одговори #47 на: 05 Јануари 2016, 21:15:16 pm »
Но она битното е промотивната понуда на Мазда 3 со 1.5 бензински мотор со 100кс и 6 степен менувач, опремена меѓу другото и со ксенон светла.
Треба да одам директно во салон? Ме пишмани почетната цена од 17 бона на сајтот и не ја ни гледав, инаку срча е тројката.

И јас пробав на сајтот да најдам нешто повеќе за понудата, но очигледно треба директива во салон да се отиде и да се направи муабет. По мене маздата ти best bang for the buck, опремата и моторот горе доле кај сите возила од таа класа во тој ценовен ранг е иста, особено ми се допаѓа тоа што моторот е спарен со 6 степен менувач. Еве го тестот на краклаб за мазда 3 седан баш то тој мотор http://www.carclub.mk/2014/05/19/test-mazda-3-sedan-1-5-skyactiv-g-revolution-za-onie-koi-sakaat-stil-i-dizajn-no-i-povekje-prostor/.
Појди во салон, напрај муабет, јас не би се мислел воопшто за друга кола, маздава со таа цена ја убива у појам конкуренцијата.


Дајте детали за маздата 3 СО КСЕНОН за 15000?
На портал од десна страна има реклама, Мазда 3 со ксенон, сензори и „РВМ“ за 14.980

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #48 на: 05 Јануари 2016, 21:52:18 pm »
Треба да се види опремата убаво, не е нормална ценава на маздава.

Ако е со трето ниво на опрема како што гледам за 15000еур тогаш кажи каде да дојдеме во петок да ти честитаме.

Нема шанса било кој да конкурира. Се надевам убаво сум разбрал.

Ако ти личи дека е многу пари Верувај не е. Ја возев таа белата од тестот погоре до Куманово и назад. Заљубен сум во колата. Моторот е слаб и со преубав звук. Сака да врти сака да вришти. Милина е. Удобна е добро склопена. Бара да има многу опрема, за да е како што треба. Едини недостаток на колата беше цената што беше висока. Со дизелот па не праам муабет колку е добра ама огин и пламен е цената а и офтопик ќе е.

За ова ти што бараш, со здравје да си ја возиш 3ката во црна или црвена боја.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг:
« Одговори #49 на: 05 Јануари 2016, 22:33:00 pm »
Ако даваат 3ка со Revolution опрема и било кој мотор нека чуваат една и за мене :)
Дај боже да грешам ама мислам дека за 15к евентуално,и тоа тешко може да се земе таа основната жали боже опрема пластикраткапна едишн што јас не би ја земал ни како службена.Ептен треба да ти згрешат вработените па да им земеш таква.
Мазда 3 само од втората опрема нагоре за да личи на кола.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #50 на: 06 Јануари 2016, 08:06:30 am »
Пред година дена колешката ја купи со добар бандаж, навигација, 6 брзини менувач и ксенон за 15.500. Колку за инфо два пати колата ја остави дефект, еднаш пред зграда и помина полесно со шлеп до салон за после две недели во словенија и е крајно разочарана од колата. Многу е лоша прегледноста назад и многу е чудно бучна колата кога работи под саух, слично како југо кога работи под саух. Колата има поминато неполни 20000 км.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #51 на: 06 Јануари 2016, 09:43:46 am »
Ќе се потрудам деновиве да отидам до салон и да прашам, па ќе знаеме за цената. Ова achtung што пишува за прегледноста, јас го имам впечатокот дека е така кај повеќето од колите од оваа класа, што се должи веројатно на подигнување на безбедносни стандарди и дизајнерски керефетлуци.


Дибидус, сеа ми текна....

Со рачната....ајде де, копчето како се снаоѓаш? Уште кога влегов прв пат го приметив, прилично нов момент е, може има некоја тема на форумов, фино изгледа вака,...ама електроника е, ако живеам на кос терен негде и снема струја у акумулатор, како ќе се осигура колата да не тргне, а да не е во брзина?

Отсутен Ilija_f

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Помош при избор
« Одговори #52 на: 06 Јануари 2016, 11:54:44 am »
Пред година дена колешката ја купи со добар бандаж, навигација, 6 брзини менувач и ксенон за 15.500. Колку за инфо два пати колата ја остави дефект, еднаш пред зграда и помина полесно со шлеп до салон за после две недели во словенија и е крајно разочарана од колата. Многу е лоша прегледноста назад и многу е чудно бучна колата кога работи под саух, слично како југо кога работи под саух. Колата има поминато неполни 20000 км.

Што биле дефектите поконкретно?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #53 на: 06 Јануари 2016, 12:06:27 pm »
Мртва кола, нема струја.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Помош при избор
« Одговори #54 на: 06 Јануари 2016, 12:07:44 pm »
Кога отидов во салон по колата прво нешто за кое прашав беше рачната и мене ми беше тоа малце чудно. И јас живеам на угорнина и проблем досега не сум имал при тргнување нагоре. Е сега, не ме држи за збор, на памет зборам, мислам дека ми кажуваа дека сепак во акумулаторот останува доволно струја за работа на електричната паркинг кочница (рачна) или така нешто во случај да се испразни ама не сум сигурен. Најубаво ќе биде да се јавиш во Порше и таму најубаво ќе ти објаснат или некој кој знае на форумов да објасни а верувам има доста такви.

Што се однесува до самото копче јас воопшто и не го користам. Имаш копче веднаш до него auto hold кое кога е активирано ти немаш потреба да се замараш да "креваш рачна или спушташ рачна" при застанување т.е тргнување. Со оваа функција активирана на секое застанување рачната автоматски се крева. Услов е колата да е во мирување и да не е во брзина. Чим стиснеш на кочница и овие два услови се исполнети рачната се крева. Ако сакаш да тргнеш услови кои треба да се исполнети се: ставен појас (на возачот), ставаш во прва и гас. Колата тргнува како и секое друго нормално тргнување. Рачната автоматски се спушта чим почнеш да го отпушташ кумплугот. Самото спуштање на рачната не е моментално, директно или како да кажам во секунда, туку е постепено. Пример отпушташ кумплуг и рачната се спушта а ти си на угорнина и уште не си тргнал напред па поради спуштена рачна наместо напред да ти тргне колата наназад, тоа не, туку рачната полека автоматски се спушта се додека не се осигура дека возилото безбедно тргнало напред.

Отпрвин ќе ти биде малце чудно (барем мене ми беше) додека да се навикнеш на неа а верувај многу многу брзо ќе се навикнеш на неа. Убавината е во тоа што не мора да мислиш дали треба да кренеш или спуштиш рачна. Застануваш, стискаш на кочница нели и рачната ти е крената. Ставаш појас, убацуваш во прва и тргнуваш, рачната се спушта. Едноставно ќе заборавиш дека колата има рачна. Јас сега имам проблем кога возам кола со механичка рачна. Заборавам да кренам кога ќе застанам и обавезно заборавам да спуштам пред тргнување. Кога ќе се навикнеш на неа ќе видиш дека е многу полесно со неа отколку со механичката, нешто слично ако не и исто како кога возиш кола со рачен менувач и со автоматски. Чим се навикнеш на автоматскиот си велиш никогаш повеќе со рачен менувач нема да возиш. Кој возел знае. (малце субјективно).

Тоа копчето ауто холд исто така ти ги регулира и светлата. Значи кај мене светлата се секогаш вклучени. Гасам колата, рачна спуштена, вадам клуч од брава и светлата автоматски се гасат. Ставаш клуч на брава светлата се палат. Не се замараш ни за светлата. Обично од перална кога ќе ја земам светлата ги исклучиле при чистење и знам да си возам без светла до темница додека не ме фати или додека не приметам. Едноставно заборавам и на нив.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Ilija_f

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Помош при избор
« Одговори #55 на: 06 Јануари 2016, 12:23:07 pm »
Мртва кола, нема струја.

Благодарам, а решението?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #56 на: 06 Јануари 2016, 12:41:31 pm »
Два нови акумулатори и две нови батерии на клучот. Само нервозата и разочарувањето беа големи.

Отсутен Ilija_f

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Помош при избор
« Одговори #57 на: 06 Јануари 2016, 13:23:16 pm »
Два нови акумулатори и две нови батерии на клучот. Само нервозата и разочарувањето беа големи.

Ништо страшно.

Си пишува во упатството за користење. Доколку возилото нема контакт (претпоставувм со старт/стоп копче) - задржи го клучот на соодветното место и провери ја батеријата на клучот.
Потоа пробај да го стартуваш возилото со кабли/Стартер.

Причините за испазнување на батериите нема да ги дискутираме. Можеме само да нагаѓаме.
Но мое мислење е дека можно е и делумно вина да има и кај корисникот.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #58 на: 06 Јануари 2016, 13:26:24 pm »
Не е баш така како што викаш, година дена стара кола два пати да изеде акумулатор со исправно користење не е без проблем. Звучиш како класика од преставник на салон кога му кажуваш дека има проблем колата а ти упорно го убедуваш дека е до тебе грешката.

Отсутен Ilija_f

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Помош при избор
« Одговори #59 на: 06 Јануари 2016, 13:42:40 pm »
Не е баш така како што викаш, година дена стара кола два пати да изеде акумулатор со исправно користење не е без проблем. Звучиш како класика од преставник на салон кога му кажуваш дека има проблем колата а ти упорно го убедуваш дека е до тебе грешката.

Претпоставувам, но малку ми е чудно ова со двата акумулатори и двете батерии за една година, поготово па кај Мазда.   ???