Во последниве години немало поглупа идеа од тоа дека треба да се отстрани 3.5мм џек. Нели нешто збореа дека ги скриле антените внатре во телото на презентацијата? Снима 1080п 60фпс, а не и 720п 60фпс
Не знам зошто е за фалење тоа што даваат слушалки со телефонот, тоа е нормално веќе многу долго време. Можда требало да не ги дадат за да биде сексот уште подобар.
Види, мене лично 3.5-милиметарскиот џек не ми треба пошто едноставно не го користам телефонот за слушање музика или нешто слично, нити па пуштам музика од него во кола. Од тој аспект, мене не ми треба.
Е сега, поради тоа што мене не ми треба, не значи дека не им треба и на другите - особено на помладите (јас на времето не вадев слушалици од уши, ама музиката ми идеше од Сони дискмен). Плус, со адаптерот непотребно се воведува уште еден слој на комплицираност, плус за оние што пуштаат музика од телефон во кола (а такви има многу) оневозможува паралелно пуштање музика и полнење на телефонот. За ова или ќе треба друг адаптер, или некој афтермаркет адаптер, пошто Епл упорно одбива да воведе гајтанлес полнење.
Ама пак не е јасно ко што гледам. Ај уште еднаш.
Во кутијата добиваш:
1. Слушалки со лајтнинг конектор
2. Адаптер од лајтнинг во 3.5мм, ако сакаш други слушалки да ставиш.
Така да нема ништо глупо. Одиме напред. 2017 ќе фати.
Ќе видиш од следна година кога ќе почнат сите да го тргаат.
Види горе. Плус, во минути ќе се брои времето меѓу наоѓањето на адаптерот во кутијата и неговото губење во некој џеб, меѓу јастуци на кауч и/ли во некоја ладица во кола.