Со оглед на тоа што новиот Нексус се решија да биде огромен, после долги години користење на андроид (уште од ерата на HTC Hero), решив да сменам малку, така да викендов го земав 6ката.
После чачкање од неколку дена, прилично сум импресиониран. Квалитетот на изработка му е феноменален, во iOS се е некако поисполирано и помазно работи, ни сецкање ни ништо.
Единствено ме нервира што иконите не можеш да си ги ставиш кај што сакаш (на пример горе да е празно долу да имаш ред од икони)
Ќе видиме како ќе се покаже на долги патеки...
