Кај Mac софтверот работи заедно со оперативниот систем за да ја подобри оштрината на приказот и да ја измазни сликата задржувајќи ги големините на објектите (ако сакаш). Го гледаш истото што и на FullHD само многу поубаво и помазно. Ова не функционира на Windows каде може да се зголеми резолуција, пришто се се намалува - односно има опција да се зголеми DPI ама не работи правилно.
Накратко поентата не е голема резолуција, туку „привидно“ иста резолуција само многу почиста и побистра слика. Ако ги видиш еден до друг ќе се чудиш како до сега си гледал на обичен монитор. Мора на OSX за да се долови поентата на оштрината, зошто на Windows само ќе станат помали стварите. А овде не, исти се.
Безобразно е добра сликата на старите 4к, а на овие сигурно малку подобра ќе е. И плус ти овозможува обработка на фајлови како 4к видео или 8МП фотографии на 100% зум без дисторзија. Се добива ефект како да ја гледаш испечатена на фото хартија фотографијата. Многу е чудно, и убаво. Да го подопраат WIndowsot за работа со високи резолуции и одма да паркираме по еден 4к пред очи. Сериозно е добро.

Кај телефоиве крај-краева се приметува од 720п на 1080п, камо ли па на поголем екран.