Ако Мајсторот си ја завршил работата како што треба и немаш проблеми не е скапо и 5000 да ти зел. Речеме ти земе 1000 и пак те заебава е изгор скапо.
Мене не ми е проблем да платам поскапо и да добијам квалитет. Проблем ми е коа ми се јавуваат проблеми после и ме нервираат колку год и да е ефтино.
Така да ако мислиш ти е скапо кажиму на мајсторот дека мислиш дека е скапо дали може малце да попушти па ќе се договорите.
Токму така, ама очигледно сите се разбираме а пак ги носиме на мајстор.
Господинот дал 400еур + за замаец, ламела, потисна и што се не за промена кај тамба ламба мајстори, тие го прецвикале алансерот и креваат раце од проблемот.
Господинот ја носи кај маршер, маршер утврдува проблем кој му ја решава кварната кола за 1 ден ( кај тамба ламба мајсторот 2 недели 0 резултат ) и сега скапо било 3000 денари со работна рака.
Бујрум во официјални сервиси па само за дијагностика ќе му земат само 2000 денари.
Парите не се секогаш проблем, проблем е малтретирањето, оставање кола, фрлање пари за такси, нервози итн.
Може алансерот бил за чистење и попатно кога веќе е отворено маршер земал да го зачисти, можел и така да му го остави.
Не бранам никој, ама претеруваме. Секогаш има незадоволни и задоволни муштерии.