Автор Тема: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006  (Прочитано 27544 пати)

Присутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #120 на: 27 Декември 2016, 17:03:39 pm »
Kaj gi zede led svetlata za pozadi na registracija? Sakam da zemam za Astra H, mislam deka se isti
Исти се. И на Corsa D се исти. И истото прашање и мене ме интересира. :D
Тука сум ако требаат, кај двете возила ви се Т10-ки за таблица.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #121 на: 28 Декември 2016, 19:15:03 pm »
Денес, направив промена на маслото. Не направив километража ама го почитувам тоа правило на промена на масло на една година.

Во консултации со мајстор Жаре :) одбравме мислам добро масло.

Се работи за Petronas 5W40 (Syntium 3000)

Според кажувањата на Жаре е доста погодено масло, особено за возила со DPF.

Први импресии во споредба со GM Dexos 2 е дека навистина има разлика во работењето на моторот.

Можда ми е субјективно чувство, но мислам дека работи за нијанса посмирено. 

Сепак е рано да се кажи што како.

Проверив и предница, кочници. Кај предницата имам за промена на пролет, задна голема чаура на десна вилушка и долгата спона изгледа сомнително ама ќе се види убаво на пролет.

За сега нема никакви тропања и делува доста стегнато. Сепак на пролет ќе добие освежување.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #122 на: 28 Декември 2016, 21:34:00 pm »
Рано ти е да дадеш споредба, почекај бар некој период од 500км итн.

Јас користев GM, откако го сменив со Eurol 5w30 ко да имам друг мотор во колата, да не правам муабет за звукот кој го вадеше турбината со GM и Eurol. На GM беше како пожарна, сега е смирена како бајче свири. :D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #123 на: 29 Декември 2016, 00:44:18 am »
Да, многу малку километери поминав (речиси ништо), ама сеуште верувам дека е онака „еј ново масло, колата работи поубаво“ момент.

Ќе видам како ќе се однесува. За сега моторот некако полесно ми влечеше посмирено за нијанса.

Џабе везам. Ќе видам, ќе споделам.

Отсутен superstarpizza

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
    • Prettys Womans in your city for night
Одг: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #124 на: 24 Октомври 2019, 09:02:01 am »
Ако може креаторот @Carpathian Lord на темава да се јави со мислење (нормално може  и другиве со искуство) за огласов!
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3395002

Од искуство...што да се гледа , што да се пази при купување на вакво возило....

Фала однапред

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #125 на: 24 Октомври 2019, 10:36:06 am »
замец, дпф, усисна грана клапни, егр ..
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен superstarpizza

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
    • Prettys Womans in your city for night
Одг: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #126 на: 24 Октомври 2019, 14:18:57 pm »
замец, дпф, усисна грана клапни, егр ..

Како да се провери ова....?
Дали е видливо или само компјутерски?

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Zafira B 1.9 CDTI 2006
« Одговори #127 на: 24 Октомври 2019, 15:04:24 pm »
замаец - на ладен старт на колата тропка, или многу веројатно по километражата помината
клапни - дали се замастени на усисна и дали се отстранети, визуелно се проверува
дпф/егр - на компјутер, или можеби и двете се блокнати софтверски и се DPF OFF EGR OFF

набрзинка ова..
За вкусови не се расправа, по нив се плука.