Автор Тема: Краток тест на Хјундаи и30 и новиот Сузуки Свифт.  (Прочитано 17039 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
На моменталниот пазар во Македонија се нудат разни возила со различни цени. Но, што да правиме ако сакаме да потрошиме 11.300 евра? Секако да избереме некое помало возило кое ќе биде стокмено за тие пари. А каква е состојбата ако сакаме да земеме поголемо возило за истите пари. Што би можеле да добиеме? На листата се Хјундаи и30, а за претставник од помалите ќе го земеме новиот Свифт. Може да се оди и на варијантата ix20 од хјундаи што според мене е исто одлична, но тоа возило е со малку повисока цена. Моментално има попуст на ix20 па доаѓа блиску цената. Како и да е, тоа е надвор од нашата сума. Може да се земе хјундаи и30 и за 10.500 евра, но тоа мора да е бело (300 евра е металик боја), и пластично. А кога ќе речам пластично, пластиката на воланот и менувачот (онаа која ја допираме најчесто) е многу лоша. Соодветно добро потрошени 500 евра се доплата за подобриот пакет, со кожни (пристојни веќе, иако ништо посебно) волан и менувач, како и електрика на прозори позади. Сосе металик бојата колата доаѓа точно 11.300 евра. ХА!



Што добиваме со тоа. Единствено што фали од опрема се алуминиумски бандажи, и колата може да се рече дека е пристојна за возење (и секако да не е бела по боја). Има фарови со леќа на кои треба најбрзо што може да се намонтира ксенон, но да не навлегуваме во деталите уште одма. Се нуди и дизел варијанта за 13.000 или тука некаде, ама тоа е надвор од нашиот буџет.



Возилото има добар комфор, кога се вози. Куплунгот фаќа доста пониско од обично, ама се навикнува човек многу брзо. Искуството во внатрешноста како возен квалитет е доста солидно, иако далеку од префинетите Европејци и Јапонци.



Перформансите на моторот на и30 со 109кс, се доста слаби. Сигурно дизелот е многу побрз, но и поскап. Овој мотор при употреба нема сила да повлече, но е доволен за употреба во град. Споредлив е со сите други 1.4 атмосферци на пазарот што постоеле и ќе постојат. Има предност пред оној на фокусот и астрата 1.4 во подрачјето над 5000 вртежи, но тоа не е реално возење. Значи при употреба моторот е ист како оној на Фокус 1.4 со 80тина коњски сили. Како и да е, моторот е значително тивок и рафинира. За употреба во град е солиден.



Фраерлукот на колава не е нешто сјаен заради марката која ја носи. Но, не значи дека е непостоечки. Ако се работи за верзија без алуминиумски фелни и во белз боја, тогаш да тоа е срамота да се вози. Но, верзија со алуминиумски бандаж (додатно) и второ ниво на опрема, со ксенон (додатно) и затемнети стакла(додатно), како и убава боја може да личи убаво. До тој степен што може да наликува на фраерска кола.



Квалитетот на возилото од механички аспект сигурно е одлично, но внатрешноста не до некој висок степен. Како и да е, за тие пари е добро.



Потрошувачката на гориво во нормално возење низ град се движи околу 9 каде фокус 1.6 трошеше 10 литри. Релаксирано возење нуди потрошувачка од 7 литри. Значи нормалната употреба на возилото во сите услови нуди потрошувачка од 8,5 литри. За разлика од Фокусот 1.6 кој потроши околу 9,5 литри. Не е лошо како за почеток. Сервисите треба да се доста ефтини во првите 50.000км, така да на тоа поле сме чисти.



Се гледа напредокот на Хјундаи за приближување до Европските возила, но сеуште има долг пат. Несомнено е дека чекорите од Акцент, до и30 се огромни и Хјундаи продолжува напред. Како и да е цената по која се нуди ја опревдува таа фалинка. Разликата меѓу и30 од 11.000 евра и Фокус од 14.000 евра е точно 3000 евра, и точно е видливо каде се отидени тие 3000 евра. Факт е дека Хјундаи нуди ниска цена, но само толку. Дека е на исто ниво со Фокус, нема ни најмала шанса.




За таа цена воедно ни се нуди и новиот Свифт. Моментално има 1000 попуст, па точно доаѓа исто со и30. Во случајов се работи за Свифт со полна опрема, од килес ентри, круз контрол, алу фелни, електрика секаде и слични додатоци. Тоа се движи во рамките на 11.500 евра.



Комфорот во Свифтот е солиден. Не е од никаде скратено на прв поглед. Но после мало врткање се гледа од каде е скратено. Багажникот. Свифт има многу мал багажник, што не е голем проблем ако патуваат 2 или три патника, но е доста мал. Седиштата се пристојни и удобни. Има простор над главата како во Берлинго, едно 10 чисти сантими над главата. На предните седишта деелува многу пространо и големо. Мене не ми се допаѓа тоа многу, но ете.




Перформансите на моторот се исти како иние на и30. Навидум треба да има 92кс од 1.25 литри, и ќе им верувам дека на 6300 вртежи ги има. Но тоа е непотребна информација. Во реалниот живот овој мотор влече исто како Фокус 1.4 или Астра 1.4 атмосферци со 80етина КС. Грубо земено. Останатите КС имаат вредност само на хартија. Свифтот е посебно лесен со само 1040кг што мене ми е одлична вест. Леснотијата дава разиграност во возењето. А и една друга работа која ќе ја спомнам после.



Фраерлукот кај најопремениов Свифт е некаде на средината. Тоа би значело дека разните џиџи миџи го прават интересен за другите луѓе и со ситни козметички детаљи ќе стане фраерско количе. Алуминиумските бандажи го вадат многу. Квалитетот на изработката е на високо ниво, и нема никакви забелешки. Кабината не е толку тивка, но далеку од гласна. :)



И сега доаѓа најдобриот дел на Свифт. Пари. Потрошувачката е страшно ниска, со околу 7,5 литри во град (и30 - 9 литри), релаксирано возење даде потрошувачка од 5,5 (и30 околу 7), едно нормално користење низ градот понуди бројки нешто под 7 литри (и30 -8,5 литри). Што се бројки блиски до старите времиња кога колите тежеа испод 1 тон! Следува сервисот кој се одвива по еднаш годишно или на 10.000км и тој изнесува 2300 денари, односно 4000 денари сосе сите филтри.

Несомнено дека и30 е поголема кола од Свифт, но само толку. На изглед би рекол дека се блиску исто така. Ако сакаш да заштедиш пари, односно да земеш кола за 11.300 евра и да не се расфрлаш со пари понатаму, мислам дека Свифтот го има приматот тука. Јапонски квалитет, по цена од точаче.


П.С. поздрав до Гојдо!
« Последно менување: 12 Октомври 2011, 19:13:14 pm Banzai »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #1 на: 12 Октомври 2011, 18:54:53 pm »
Можело и пообјективно, но по прочитаното си се воздржувал доста од „да ти е*ам колата глупа“ и слични коментари кои несомнено си сакал да ги напишеш.
Сега, за истата цена се нуди и новото Киа Пиканто, кое Класниот го тестираше, но за Авто+. Може и Рио, но ќе биде помалце опремено. Би сакал да прочитам твој review на една од овие две, зошто дизајнерски се гледа дека се европизираа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #2 на: 12 Октомври 2011, 18:59:09 pm »
Можело и пообјективно, но по прочитаното си се воздржувал доста од „да ти е*ам колата глупа“ и слични коментари кои несомнено си сакал да ги напишеш.
Сега, за истата цена се нуди и новото Киа Пиканто, кое Класниот го тестираше, но за Авто+. Може и Рио, но ќе биде помалце опремено. Би сакал да прочитам твој review на една од овие две, зошто дизајнерски се гледа дека се европизираа.
И двете возила не заслужуваат реченица од типот „да ти еа...“ зошто немаат толкави фалинки. Значи моторчињата им се послаби, но за низ град не се лоши. Сите сме ги повозеле дали во Фокус 1.4 или Астра 1.4. Што конкретно те интересира прашај- ќе ти кажам. :) Ако мислиш на алуминиумските бандажи, стварно ја заличуваат секоја кола, па затоа толку често ги спомнував. :)

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #3 на: 12 Октомври 2011, 18:59:38 pm »
Дени, текстов го мислеше ти или го презеде од некаде?
Не гледам извор да си напишал..
Има доста работи измешани тука.
Прво имаш и30. После имаш Фокус. Па имаш слика од Велостер. И на крај Свифт.
Ако веќе прашуваш што да се купи за цена до ХХХ иљади евра, тогаш некој можеби сака да купи ххх точаци и да не тура бензин.
Ако веќе споредуваш модели, споредувај како што треба.
Прво споредувај иста класа. Значи и30 и Свифт не се иста класа.
Потоа споредувај модели кои изглегле во иста година, или барем приближно. Едниот модел ти е од 2011, Фокусот исто така, додека онај кој ти боде очи ти е од 2007.
Ама има време, ќе се научиш полека како треба да се поставуваш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #4 на: 12 Октомври 2011, 19:03:09 pm »
Дени, текстов го мислеше ти или го презеде од некаде?Не гледам извор да си напишал.. Има доста работи измешани тука.Прво имаш и30. После имаш Фокус. Па имаш слика од Велостер. И на крај Свифт. Ако веќе прашуваш што да се купи за цена до ХХХ иљади евра, тогаш некој можеби сака да купи ххх точаци и да не тура бензин.Ако веќе споредуваш модели, споредувај како што треба. Прво споредувај иста класа. Значи и30 и Свифт не се иста класа.Потоа споредувај модели кои изглегле во иста година, или барем приближно. Едниот модел ти е од 2011, Фокусот исто така, додека онај кој ти боде очи ти е од 2007.
Скокни ја темата ако не ти се чита. Поентата е споредба на возила за 11.300 евра, на нашиот пазар.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #5 на: 12 Октомври 2011, 19:04:18 pm »
И двете возила не заслужуваат реченица од типот „да ти еа...“ зошто немаат толкави фалинки. Значи моторчињата им се послаби, но за низ град не се лоши. Сите сме ги повозеле дали во Фокус 1.4 или Астра 1.4. Што конкретно те интересира прашај- ќе ти кажам. :)

Ако искрено разговараме, Велостерот со middle-mounted ауспух највеќе ме заинтригира од сите слики поставени тука. Но тоа не е за тука, се надевам на друго место ќе претставиш импресии, нормално, ако отвори врата и седна во него.

Конкретно за споредбава, ме интересира на што мирисаше внатре во коливе. Да, сериозен сум.
Влегувајќи во Астра караван, top spec опремена со дизелаш мотор во автосалонот во Тетово, ми се активира gag - reflex - от од непријатната миризба. Истото се случи и со Корсата. Одвратно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #6 на: 12 Октомври 2011, 19:05:46 pm »
И двете возила не заслужуваат реченица од типот „да ти еа...“ зошто немаат толкави фалинки. Значи моторчињата им се послаби, но за низ град не се лоши. Сите сме ги повозеле дали во Фокус 1.4 или Астра 1.4. Што конкретно те интересира прашај- ќе ти кажам. :)

Ако искрено разговараме, Велостерот со middle-mounted ауспух највеќе ме заинтригира од сите слики поставени тука. Но тоа не е за тука, се надевам на друго место ќе претставиш импресии, нормално, ако отвори врата и седна во него.

Конкретно за споредбава, ме интересира на што мирисаше внатре во коливе. Да, сериозен сум.
Влегувајќи во Астра караван, top spec опремена со дизелаш мотор во автосалонот во Тетово, ми се активира gag - reflex - от од непријатната миризба. Истото се случи и со Корсата. Одвратно.
Не мирисаа лошо ни едната ни другата. А Велостерот со 135кс атмосферски бензинец е над 20.000 евра. Тоа е се што може да се каже за него.

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #7 на: 12 Октомври 2011, 19:11:47 pm »
Скокни ја темата ако не ти се чита. Поентата е споредба на возила за 11.300 евра, на нашиот пазар.

Тоа де сакав да те прашам..
Како од сите возила на пазарот до таа цена ти ги одбра баш овие?
За 11.300 сега можеш да најдеш и добар дизел, од класата на Свифт секако.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и новиот Сузуки Свифт.
« Одговори #8 на: 12 Октомври 2011, 19:14:18 pm »
Затоа што тие му се погодиле при рака. Задоволен?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #9 на: 12 Октомври 2011, 19:16:26 pm »
Скокни ја темата ако не ти се чита. Поентата е споредба на возила за 11.300 евра, на нашиот пазар.
Тоа де сакав да те прашам..
Како од сите возила на пазарот до таа цена ти ги одбра баш овие?
За 11.300 сега можеш да најдеш и добар дизел, од класата на Свифт секако.
Свифт нуди меѓу најефтините сервиси и најниска потрошувачка од бензинците. А за нормална употреба во нашата држава може да се каже дека е поефтин од дизелите се-на-се (кола+гориво+сервиси за 50.000км).

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и новиот Сузуки Свифт.
« Одговори #10 на: 12 Октомври 2011, 19:16:36 pm »
Затоа што тие му се погодиле при рака. Задоволен?

Ти да не му си гласноговорник, што не знае сам да си одговори?
Или заштитен е корисникот како бела мечка, па треба да го мазиме?

Едит - Ете знаел сам да одговори. Гледаш, не било тешко..

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и новиот Сузуки Свифт.
« Одговори #11 на: 12 Октомври 2011, 19:18:04 pm »
Дени секоја чест за трудот!

М.М. потруди се и ти малку,па направи споредба каква што сакаш!

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и нивиот Сузуки Свифт.
« Одговори #12 на: 12 Октомври 2011, 19:18:38 pm »
Aaaa Дени...Браво!

Кај тебе забележувам нешто кое ретко се забележува кај брендираните фанатици. :D

Си се потрудил да напишеш текст и да направиш слики за Киаундаи без да ги испоплукаш од „а/А“ до „ш/Ш“ со големи и мали букви. :D И покрај тоа што не се довлечка со i30-ката до кај мене, горепишаното го сметам како доволен доказ дека си се возел во и30-ката. Како што обеќав, ќе ти биде доделена кадичката сосе легенче за хард-диск со сите почести и церемонии, а тоа значи во присуство на класниот и медиумите во некоја меана помеѓу Градски Парк и Зоолошка Градина.

Имам само една голема желба да те видам сликан зад воланот во i30, по можност со фино и насмеано лице.

Он Топик,

Поздрав за иницијативата да се збогати форумов со содржина. Браво за вложениот труд и очекувам и понатаму вакви активности од твоја страна.

Јас во написов би ги вмешал стариот Фокус и Астра Класик. Мислам дека и двата се вклопуваат во ценовните лимити од 12000 евра, а можеби во листата би влегол и Лансер Спортбек. Кога лично би требал да бирам можеби би го земал Свифтот ако ми треба помал автомобил. Ако ми треба поголем ќе го избегнам и30 бидејќи, исто како и на тебе, по дизајн ми е некако безкарактерен и без препознатливи црти.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и новиот Сузуки Свифт.
« Одговори #13 на: 12 Октомври 2011, 19:20:00 pm »
Свифт нуди меѓу најефтините сервиси и најниска потрошувачка од бензинците. А за нормална употреба во нашата држава може да се каже дека е поефтин од дизелите се-на-се (кола+гориво+сервиси за 50.000км).


Добро, ова ти држи некоја логика, споредбава со дизеливе.
Сеуште ја барам врската со и30? До 11.300 имаш еден куп застарени модели, како што и и30 влегува во нив.. Се разбира од повисоката класа..

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Краток тест на Хјундаи и30 и новиот Сузуки Свифт.
« Одговори #14 на: 12 Октомври 2011, 19:28:13 pm »
Леле господине Маус, аман :)

Имал можност да вози i30, го направил тоа и напишал тука рецензија. Не знам што толку не ти е јасно :)

Ако задутре вози мерцедес SLS, за тоа ќе пишува, нема за Aston Martin, па колку и да е подобар Астонот да кажеме.

Башка Свифтот и Хјундаито му се погодиле слични пари да коштаат, па повлекол некаква паралела, а не е баш неоснована.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.