Фино што испонафрливте идеи, видеа, итн.. Ама помислил некој колку време е потребно да се направи сето тоа? Или онака, нафрлате само?
Да не ме разберете погрешно, јас ги ценам сите сугестии, и многу имам прифатено - ама нема шанси да се нафатам да правам нешто толку сериозно, без да има тоа некаков return of investment. Да се разбереме, мене Карклуб ми стана втора работа, одамна го надмина статусот на хоби.
Годинава ќе ја завршиме со 35 тестирани нови возила (можеби и едно-две плус, не знам). Тоа е едно возило на нешто повеќе од една недела. За секое возило треба да се одвои време возилото да се подигне, да се вози, да се слика, (по потреба да се пере), да се врати возилото, да се подготви текст, да се подготви објава и да се објави. Што мислите вие, за тоа се доволни 15 минути?
Ако почнеме истото да го правиме и за половни возила (или макар со пола труд), готово. Да се закопам уште сега.
Веќе имам нешто во план. Најавив што ќе биде. За сите што сакаат да пренесат свои искуства за возилата - бујрум, тука ви е форумот. Тие што ќе спремат добар пост, со доволно фотографии, информации и некаква задоволителна доза на писменост - не гледам зошто да не го објавиме тоа на порталот.