За Зеро да тестира рецимо Голф 4, и во тој тест да каже кои се општи маани на Голф 4, на што треба да се внимава, па после кои мотори се препорачуваат, кои треба да се избегнат, па после за секој мотор на што да се внимава дали е сменето или не, ќе треба да изгуби едно 2-3 недели сурфање по странски форуми за да добие некаква општа слика за тој модел и пак сигурно ќе пропушти доста битни работи.
Идеата на Влатче Пунто е убава, ама не е баш така едноставна за квалитетна реализација. Со тест на една рандом Голф четворка никако нема да може да се донесе правилен заклучок по точките кои Влатче ги наброја.
До сега за мене најкорисни биле странски специјализирани форуми за одредена марка. И тоа не дека таму имало тестови на половни возила, туку има илјадници членови кои имаат возило како што сакам да купам па секој си пишува што мака имал, односно кои се чести проблеми, кои мотори се најдобри, потрошувачка итн итн.