Автор Тема: Во 2015-та година, на мојот автомобил...  (Прочитано 5487 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« на: 12 Декември 2015, 19:59:07 pm »
се расипа ова...
направив она...
сменив и надградив со тоа и тоа..

што ќе ви текне се што сте правеле оваа година.. ако може и со цени да пишете би било супер...


значи јас ќе почнам.... стопив моторот на волот, го сменив со друг, така што уствари, купив уште едно па му го преместив.. секако, и апгрејт беше тоа, пошто го турив 2 степени појакиот мотор од тој што го имав... цехот ми испадна околу 1000 евра за овој зафат.. можда нешто погоре ако ги пресметам и ќебапите, пивото и слично...

успат, ќе кажам дека сменив лагер преден десен, репарирав бафер гуми на амортизери, сменив чаури на лева вилушка... зимските гуми не ги спомнувам, ама ете ке ги кажам дека за прв пат после подолго време имам врв од зимски гуми што може да се има...



роверот, го рестартирав, гуми, масло, филтри итн итн...

комбето ама баш ништо... само го возам и ништо не му праам, не за друго, туку нема потреба... а да.. ок.. чист гликол му турив и на него, како и на другите 2 возила... концентрат...

моторот... е тој... нови гуми (околу 300+ евра), полиран 3-4 пати, и стандард сервиси... успеав штопната од картерот да му ја прошлајфувам и тоа двапати, па тука малку повуци потегни со дреари и нивните глупости, ама начелно завршив работа со ситни пари (200-300 дебари се во прашање...

мењавања на масло и филтри е секако редовна работа кај сите возила...
« Последно менување: 12 Декември 2015, 20:03:10 pm velestrumf »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8657
  • Пичлеме
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #1 на: 12 Декември 2015, 20:27:20 pm »
2015 хм...
- Масло, филтер за масло, филтер за воздух.
- Акумулатор. Требаше да купам Ексајд премиум, најубајо, ама пред да купам влегов малку в кафана, па останаа пари колку за Весна словенски.
- Сменети сијалици за средно светло, Осрам Најтбрејкер Плус
- Ми се искриве десната предна гума, Фајарстон. Ја сменив за иста таква. Пред еден месец-два по пат накај Китка ја акнав во огромна дупка и почна и таа да прави осумки... сега е со зимски... на пролет нови.

Тоа во глобала.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • The Spartan General
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #2 на: 12 Декември 2015, 21:16:44 pm »
Форд Мондео 2.0 тдди. Околу 20 000 километри. Возено и полнето нафта од мене и татко ми. Трошоците за поправките се мои.  :D
- Двомасен замаец (210 евра)
- Куплунг (127 евра)
- Аусрук/Друклагер (89 евра)
- Монтажа на се 5 000 денари
- Реставрација на анласер (бесплатно, фамилијарен пријател)
- Два задни лагери СКФ (130 евра)
- Преден лагер СКФ (40 евра)
- Центрирање - 700 денари.
- Сервис масло со филтри (воздух, клима, масло) (47 евра) + 500 денари работна рака.
- Водна пумпа + Термостат + Работна рака ( 4800 денари)
- Два пати лепени гуми + балансирање (500 денари)

Ненаместени:
- Преден браник (100 евра)
- Задни амортизери Билштајн (100 евра.)
- Филтер за нафта (18 евра)
- Термостат (15 евра)
- Штраф + мутер на гума (4 евра)
- Гумици буфери на задна балансштранга (5 евра).

Мондеото е купено лично од мене, од прв сопственик-пензионер на 140к во 2011, моментално има 240 000. Предходните години два пати менувано водна пумпа, еднаш акумулатор, интеркулер, нови фарови, два пати термостат (главен), еднаш термостат на масло, преостат за клима, има пројдено преку два летни сетапа на гуми (моментално е на Конти ПремиумКонтакт 5, ако не се лажам).  

BMW e46 318i за 2015та. (17.536 km,   1.236 литри бензин, 1.696 евра дадени за бензин)
- 2х Менување на Масло (160 евра). Два пати немав време + алат да си го сменам сам, па морав во сервис.  
- Филтери за воздух и клима ( 31 еврo). Заменет од мене.
- Затегач за ланец феби билштајн (24 евра) Заменет од мене.
- Гумици на ванос (15 евра). Заменети од мене.
- 2х Н7 сијалици за соборено Бош (15 евра)

пс. Вози дизел. Поевтино е.  
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #3 на: 12 Декември 2015, 21:49:17 pm »
Да видиме...

Fiat Stilo:

- Сменет сет ламела ~ 15.000
- Вратени оригиналните спирали
- Сменето масло и филтри ~ 3000
- Регистрирано ~ 9000

Alfa 166:
- Вратен оригиналниот мотор со обработена радилица и Glyco летечи и лежечи ~ 200e
- Вратени оригиналните спирали
- Сменето уље и филтри ~ 100е
- Исправени бандаши ~ 60e
- Вратена оригиналната издувна грана и ауспух
- извадени Brembo кочниците, вратени стандардните
- Извадени дистанцијалите.
- Заменети PU горните чаури со нормални ~ 40e
- Сменети двете долни вилушки со TRW ~ 250e

Alfa 159:
- Купена и регистрирана.
- Купени 18" Бандаши и гуми Michelin Pilot Supersport 245/40 ~1000е
- Eibach пружини -30mm ~200e
- До крајов на годинава би требало да се направи сервис уље, филтри, свеќици, ремени, антифриз, течност за кочници.



Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #4 на: 12 Декември 2015, 21:53:16 pm »
Волво-то 2015:
-направен голем сервис(ребраст 1200ден. Дејко/пк каиш незнам точна цена мислам дека околу 2000 беше поѓо дупло пресиран е/водна пумпа незнам точна цена/затегачи,ролери масло 6л Ени 5-40 и филтер маслен,антифриз и бомбини...Сервисот без бомбините ме чинеше околу 14к денари без работна рака плус 2000денари за тоа...

-ставив 16ки бандаши оргинал од Волво(кои личат на раткапни ама тое то) и нови гуми Спортива З+ мислам дека се 205 50 16,се на се бандаши и гуми 22 000денари...

-регистрацијата незнам дали треба да ја пишам

-црево(поточно цревце малечко) од интеркулерот до клапната 2000 денари

-сега мислам дека брат ми ке стигни до Нова Година да смени уште свеќици и кабли и тоа е тоа...

-edit: го заборавив и плинот да го напишам,470евра

Останува кога ке се вратам да му ја извадам душата. ;D

Кампусот 2015:

-сменето масло и филтер маслен, наредно менување 2018...
« Последно менување: 13 Декември 2015, 02:55:14 am MecheTo »
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #5 на: 12 Декември 2015, 23:28:47 pm »
Honda Civic:

-Бандажи Azev Type A 15" 7.5J, со средување искочија околу   ~300e
-Гуми Michelin Pilot Sport 3 195/50/R15                                  280е
-Спирали Eibach Pro kit 35mm                                                 120e
-Моторно масло Motul X-cess 5w40                                         ~50e
-Филтер за масло MANN                                                         10e
-Филтер за воздух (не ми текнува што земав)                           15е
-Јабучица и стабилизатори+центирање                                    70е
-Плочки Brembo                                                                 ~50е


Вкупно:                                                                                  895е

Плус плински уред Landi Omegas Evo                                        570e

Grand total: 1465e


Уу да му ебам, уште едно хондиче ќе земев на старо. ;D

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #6 на: 13 Декември 2015, 00:04:43 am »
А јбг што да се каже....

Моторно масло Mobile 1 и филтри Mann 2550 ден.  ПК каиши 800 ден.

Јапонец јбг тоа е  ;D

Поголеми планови здравје догодина.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #7 на: 13 Декември 2015, 02:26:25 am »
Renault Clio..

Зимски гуми Сава Ескимо  -  10.000
Бандажи Ронал  -                10.500
Летни гуми Сава Интеса -     12.000
Клима фолии -                      7.000
Сет ламела.. -                      11.000
Мал сервис -                          5.000
Ксенон -                                1.500
Лед на све и свашта -                500
Јабучици 2х -                         1.500
Гумици на буфер -                  1.800
Елипси и предниЗвучници -      5.000
4х греачи -                            2.500
Плочки -                                1.600
Регистрација -                        9.000
Десен Фар -                           2.800
Полнење фреон -                   1.500

Вкупно 83.000 денари... 1350 евра...  :o :(

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #8 на: 13 Декември 2015, 02:40:16 am »
од кај да почнам :D

Honda Civic EG

-регистрација 200e
-Зимски бандажи и гуми 200e
-фарбање 250e
-сервис уље филтри x2 80e
-бомбина,кабли,свеќици 80e
-пумпа за кумплунг 20e
-Плочки 30e
-сет гумици за шепи 10e
-сет каиши со се менување 150e
-звучници 30e
-уље во менувач 10e
-бандажи со се гуми летни ~200e+
-фреон 20e

ништо страшно се на се ~1090денари

а 2014 беше годината кај што имав највеќе трошоци по колава :D

ама има уште ќе дополнам деновиве

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #9 на: 13 Декември 2015, 09:53:11 am »
Хм..

- Бандажи - 600 евра
- Гуми - 350 евра
- Спирали - 230 евра
- Сервис - 130 евра

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8114
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #10 на: 13 Декември 2015, 11:26:59 am »
Либрата го загуби тронот во фамилија па слабо ја почестивме годинава...

-Уљи ЛМ + филтри променето.

-Променето моторче за отвори-затвори клапна на левата страна на климатроникот 1000 денара половно од кај Жаре наш. Господ здравје да му даде, другиве скопјани сакаа да ме одерат. Сефте имав можност да се уверам дека Жаре е човек. Има човекот и 5,20 мотор ама се нема ишарет сега  ;D

-И купив и TRW предни плочки ама беа на пола старите Ремса по 33,000км и не ги ставивме, чекаат.
-Црево за серво течност треба да мењам, протекува. Стабилизатори, гумици, спони ќе почекаат...
 
Се надевам ке ја честиме повеќе до година. 2015 доверливо Либрата не честеше нас. Задоволни и со почит благодарни!

Отсутен TheForce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #11 на: 13 Декември 2015, 12:44:45 pm »
Хм..

- Бандажи - 600 евра
- Гуми - 350 евра
- Спирали - 230 евра
- Сервис - 130 евра


И после за силикони се немало... ;D
« Последно менување: 13 Декември 2015, 12:59:21 pm TheForce »

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #12 на: 13 Декември 2015, 12:48:31 pm »
Паметно поступил, Голфот кога ќе го продава све ќе му извади, a на силиконите ќе се мерачи некој друг :D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #13 на: 13 Декември 2015, 19:48:05 pm »
Aj со ред:
Renault 5 Campus:
Комплетно нов издув сосе сет за монтажа - 6500 денари
Разводна капа, палец, кабли - 1500 денари
Ситници собрани по отпади, ги има по темата за колата како на пр. граничници на врати, разни гумени делови, стакло за 5-та врата и сл. приближно 1500 денари
Сменето масло и филтри 1800 денари
Дискови и плочки и гуртни за назад - 4000 денари
Сајла за куплунг - 1000 денари

Citroen Xsara:
Сменето масло и филтри - 3300 денари
Амортизер на летва - 7000 денари
Спона - 1200 денари
Акумулатор - 3600 денари
Раткапни - 2400 денари (Ибеј е закон :))
Среден и заден лонец - 6200 денари

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Во 2015-та година, на мојот автомобил...
« Одговори #14 на: 13 Декември 2015, 21:53:12 pm »

Е мене оваа година ми се погоди :) али ќе знам мирен ќе бидам :)
Волво V40 1.9 тд 90коња, поминати 230к км
- регистрација и зелен картон - околу                  15000ден
- сменет дихтунг глава и гумици -                         2500ден
- пластично тело со термостат -                             1500ден
- сензор за температура -                                     1000ден
- Дополнување фреон -                                        1000ден
- дихтување на бош пумпа во БГ -                         5000ден
- линиски каиш -                                                   800ден
- задни плочки, точна цена незнам :) -                  1000ден
- уље и филтер, цена за мене -                            1500ден
- електрична дизна некни, течеше од кабелче -     5000ден
- биксенон -                                                      1800ден

ииии вкупно излева да видеме                          = 36100 ден
овие цени се некои со попуст како за мене

ова се поголемите работи, ситници не сметам :) поминати околу 10к км
« Последно менување: 14 Декември 2015, 17:19:02 pm skorpion »
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.