Според извештајот за квалитет на престижниот германски магазин Auto Bild, Kia се најде на првото место меѓу 20 водечки производители на германскиот пазар.
[http://autoinfo]Auto Bild, еден од водечките германски магазини за автомобили, од 2001 година организира рангирање според квалитетот на првите 20 производители присутни на германскиот пазар.
Рангирањето со врши според седум критериуми:
- резултати од анкета на “Forsa“, нарачана од Auto Bild, за задоволство кај потрошувачите (8,187 испитаници);
- бројот на пријавени дефекти и поправки;
- последниот TÜV извештај (речиси 9 милиони технички инспекции);
- гаранциите на производителот;
- долгорочни резултати од тестовите на возилата;
- резултати од тестирањата за безбедност;
- анализа на критиките од повеќе од 10,000 писма на читатели, што се дел од „Kummerkasten” (рубрика на магазинот посветена на поплаки од читатели).
Според најновите резултати Kia Motors со вкупна оцена од 2.14 (во скала од 1 до 5) го дели првото место со Mazda. Конечниот поредок на производителите присутни на германскиот пазар, во извешатјот за квалитет на Auto Bild:
[http://autoinfo] 1. Kia (2.14) / Mazda (2.14)
3. Honda (2.43) / Hyundai (2.43) / Toyota (2.43)
6. Volvo (2.57)
7. BMW (2.71) / Dacia (2.71)
9. Nissan (2.3)
10. Mercedes (2.86)
11. Opel (3.0) / Renault (3.0) / Seat (3.0)
14. Audi (3.14) / Skoda (3.14)
16. Citroen (3.17) / Peugeot (3.17)
18. Ford (3.29) / VW (3.29)
20. Fiat (3.33)
Највисоката позиција за квалитетот на Kia возилата, Штефен Кост извршен директор за Kia Motors Германија, ја објаснува со зборовите: “Нашите аспирации за квалитет почнуваат од нашите R&D центри, студија за дизајни и производните погони – повеќе од половина од новите автомобили на Kia продадени во Германија излегуваат од производната линија во нашата технолошки напредна фабрика во Словачка – до продажбата и сервисните центри каде имаме голем напредок со реструктурирање на мрежата на застапници и исполнување на нашето ветување за континуирано подобрување на квалитетот“
Благодарение на 7-годишната гаранција за Европа, што е водечка во индустријата, Kia беше единствениот производител на автомобили што доби оцена 1 за својата гаранција. Брендот исто така многу добро котираше во анкетата на потрошувачите, бројот на пријавени дефекти (ниту еден за 2015) и поплаките во “Kummerkasten”, а доби и одлични оцени за сите долгорочни тестирања на возилата (најмалку 100.000 км).
Извор:
http://autoinfo.mk/?p=6900