Некни побарав на нет дали некој има купено кола од нив и како е задоволен.
Го најдов типот со Мустангот. Вика супер е количето, топ е средено. Сменале многу работи што не ги покажале на телевизија.
Ед не работи на возилото. Тоа што го прават е маркетиншки трик. Пол ги работи колите со цел тим во гаражата која е истата кога ќе го донесат колите (демек кога ја претставува на Ед). Гаражата кај што работи Ед е фејк.
Иначе јас се посомневав во тоа, на многу пати до сеа. Еднаш колата е со англиски таблици, еднаш со странски, некако нема конзистентност.
А што се однесува до Мустангот, типот разбрал дека спремаат Мустанг и го купил уште пред да заврши снимањето. Четири дена чекал. Па така ценкањето на крај е глума.
Имало некои ситници кои не биле забележани од WD, а газдата ги увидел ама не било ништо страшно и се било коректно од страна на WD.
Во основа се е глума ама и не сака така лоши дечките од типот на West Coast Customs кои само ги шлакаа колите со тракатанци а одоздола скапаницата остануваше.