Последната година и пол се трудам да ставам бензин од една бензинска (JetOil блиску е до кадешто живеам). Не е премиум како БП или Шел, и секогаш квалитетот на 98цата е конзистентен. Некогаш што имам забележано е кога возам само градска (цел резервоар, без да излегувам на автопат), ми се менува звукот на моторот, особено ако возам премногу тргни-застани. Станува гласен дури и во ниските вртежи, брчи повеќе некако на суво, и после возење на автопат околу 100км го снемува.
Сега ме замисли со овие детертентските горива. Баш ќе пробам еден резервоар декемвриски (ем ладно, ем тргни-застани, ем немам планирано некое патување, ем ќе менувам масло) да видам дали така ќе прави и со Шелл Ви-Пауер.

Едит.
Сите овие производители имаат мотори со директно вбризгување и беа едни од поголемите противници на Е10 горивото, затоа што им ги уништуваа инјекторите со алкохолот. БМВ одеше и до таму да не признава гаранција на инјекторите на моторите за директно вбризгување ако некој возел на Е10 95ка. Повеќето мотори од првите генерации мотори на БМВ со директно вбризгување мораат да се возат со Е5 95ка или 98ца/100ка без алкохол за да си ја задржат гаранцијата и пружат оптимална работа на моторот.
Една од причините за ова се неколкуте конструирани режими на експлоатација во самиот мотор. Во зависност од стилот на возењето (економично, комфорт, или спортско) ЕКУ-то ја менува работата на моторот, температурата, тактовите на вбризгување, протокот на воздух со аголот на вентилите (влезни+излезни). Ако имаш гориво со послаб квалитет или понисок број на Октани или “нечисто“ гориво, системот се загадува и откажува многу побрзо, отколку вообичаеното.
Интересен податок е на Форд СЦИ моторот во Мондео МК3 се погоди точно во тоа време кога Е10 ката земаше преголем замав. И си ја плати цената за тоа. Еден од полошите мотори на бензин кои некогаш имаат излезено од Форд.