Гласање

Кој Hypercar?

Ferrari LaFerrari
12 (38.7%)
Porsche 918 Spyder
12 (38.7%)
McLaren P1
7 (22.6%)

Вкупно гласови: 31

Автор Тема: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1  (Прочитано 9296 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« на: 20 Ноември 2015, 11:24:18 am »
Ајде малку да зборуваме за хајперкарс!


Кој би бил вашиот избор? Мене LaFerrari ми изгледа најдобро (мада и 918-ката ми е тука некаде), а P1 ми е некаде на крај. Не ми се свиѓа предницата.

Перформанси.. Сите се тука некаде. На драг тепа P1, али in this company.. Небитно.

Што знам. Некако највеќе ме влече кон 918 Spyder, чисто пошто е најлесен за секојдневно живеење со него. Плус може да се биџи само на струја, што е одлично за позирање низ град.


Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #1 на: 20 Ноември 2015, 11:33:21 am »
За мене ЛаФерари дека е Ферари :)

А на второ место сеедно, што и да ми дадат ќе треба со пелени да ги возам.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #2 на: 20 Ноември 2015, 11:33:35 am »
Само што го кликнав видеово да го гледам пред 5 секунди. И оп тема.



Ултра тежок избор во секој случај. :)

- би го ставил 918 со светло сиви бандажи еднобојни и темносива боја.
- Црн П1 со светлосиви бандажи
- Црвно Лаферари со светлосиви бандажи.

Неможам да ставам конкретни бројки кое прво кое второ. Ама ферарито ми е премногу препотентно и ако веќе земам таква марка изборот ќе падне исклучиво на F12, a не на ЛаФра.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #3 на: 20 Ноември 2015, 11:36:11 am »
Поршето е најбрзо на старт, 400 м , киломeтер, најефтино и најприфатливо за секој ден.
Али овие коли не се купуваат заради разум и логика.
Затоа, ЛаФерари и тоа онакво како на Гордон Ремзи.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #4 на: 20 Ноември 2015, 11:38:10 am »




Многу го сакам. Многу.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #5 на: 20 Ноември 2015, 11:46:45 am »
Не знам зошто, ако би имал кеш за вакво нешто би купил М5ка.

Hyper-cars никогаш не ме привлекувале. И трите ми изгледаат комплетно бесмилено и глупаво. Ако даваат бакшиш, се знае, Ла Ферари. Зошто? Затоа што е Ферари. ;D ;D

Пред месец и нешто, имав шанса да возам Порше Карера 4с некои си 50-60 километри. Не е во класа на овие, но ме удри адреналинот во глава и срце колку е луда една вошка-кола од 400 кс. Ми го направи ќефот да возам брзо Порше по германските автопатишта (со луди брзини). Не ми го направи ќефот, кога на ладен мотор му вибрираа вртежите како на незагреана лада.  ;D ;D

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #6 на: 20 Ноември 2015, 11:57:30 am »
Сакам само да напоменам дека иако Ferrari имаа доведено цел тим за да ја спремат колата, ми изгледа како да заебале работа со дампингот на амортизерите. Се слуша на забрзување и кочење дека колата се мачи и потскокнува на нерамнините на патеката (ебате патеката, ко Партизанска е).
Нема да прифатам дека толкава е можноста на амортизерите бидејќи таков амортизер можеш да подесиш како сакаш, а овие од Ferrari го подесиле грешно - не дампира ништо туку е камен тврд.

Мој ранкинг:

1. Ferrari LaFerrari - зошто е Ferrari
2. McLaren P1 - зошто не е VW
3. Porsche 918 Spyder - зошто е најлесно за живеење и возење, и изгледа најобично. Да фукнеш милионче на кола и да изглеа обично ми нема смисла, па и 2.0 до 100 км/ч нека иде. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #7 на: 20 Ноември 2015, 12:02:27 pm »
Не знам зошто, ако би имал кеш за вакво нешто би купил М5ка.

Hyper-cars никогаш не ме привлекувале. И трите ми изгледаат комплетно бесмилено и глупаво. Ако даваат бакшиш, се знае, Ла Ферари. Зошто? Затоа што е Ферари. ;D ;D

Пред месец и нешто, имав шанса да возам Порше Карера 4с некои си 50-60 километри. Не е во класа на овие, но ме удри адреналинот во глава и срце колку е луда една вошка-кола од 400 кс. Ми го направи ќефот да возам брзо Порше по германските автопатишта (со луди брзини). Не ми го направи ќефот, кога на ладен мотор му вибрираа вртежите како на незагреана лада.  ;D ;D


Се сложувам. Само Вејрон ми е некако најприфатливо од хајперкарс за да би го сакал. Инаку јас пре би:
или отколку овие детскиве играчки. :) :) :) :)

А ако веќе земам хајперкар, односно некое од горниве веќе го имам, тогаш би сакал да е стваааааарно хајперкар. Како вејрон или:

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #8 на: 20 Ноември 2015, 12:10:09 pm »
Ја разводнувате дискусијата.
Еве ја листата на коли кои би ги купил со парите за било која од овие 3.


Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #9 на: 20 Ноември 2015, 12:35:36 pm »
Ферарито во се е нај. Најскапо, најлесно, најјако и најспоро на сите тестови :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #10 на: 20 Ноември 2015, 13:08:59 pm »
Дени, не шетај од темата. :)

Би сакал да ги возам сите, дефинитивно. McLaren-от е најегзотика од сите, баш пошто е McLaren.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43709
  • Il Moderatore
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #11 на: 20 Ноември 2015, 13:15:45 pm »
Јас не знам, зоошто доаѓате и пишувате во темава „да ги имам парите би купил точак...“. Не е  темава за точаци. Темава е за хајперкарс.

Инаку, секоја чест на Porsche-то, навистина со најмалку пари нуди најмногу, ама и најружничко си е. P1 е доволно брзо ако го направиш street illegal (што за мене е legit, пошто и онака нема да го тркаш надвор од тркачка патека, туку ќе се курчиш дека го имаш со 2mph and everybody see me), a LaFerrari нуди најмногу олд скул забава (rwd, најдобар звук на мотор, најлесно управување многу снага на мала тежина...).
Разликите во перформанси зависат од стаза до стаза и се менуваат во зависност од конфигурацијата на стазите и сетапот на колите. (LaFerrari речиси секогаш е второ колку што можев да видам до сега од тестовите, не ме терајте да барам, немам време сега). На една кола повеќе и` одговара една стаза, на друга кола друга стаза. За стрејт лајн перформнес, очигледно е битно колкав е стрејт лајн стречот. Ако е 1/4 mile, тогаш е 918, ако е 1км, тогаш е P1, ако е повеќе тогаш е Ferrari La, односно највеќе зависи колку снага даваат електричните мотори. 918 со најсилни електромотори е најбрз краткорочно, додека на долги стази, Ла е најбрз заради најголемата снага од прекрасниот V12.

За мене уплатете едно LaFerrari, па макар и детјунирано, прилагодено за македонски горива :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 311
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #12 на: 20 Ноември 2015, 13:16:39 pm »
McLaren P1 - any time, any color :D

Порше некако се изгуби во тој VW стил на произведување и комбиња, така да се освен 911 ми е некако непривлечно;
Ферари - премногу испуван бренд кој сите го сакаат и го има во солиден број - not me;
Oд трета страна, P1 во ова друштво секогаш ќе биде најретката ѕверка, најпотценета а всушност најдобра.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #13 на: 20 Ноември 2015, 13:23:41 pm »
Дени, не шетај од темата. :)

Би сакал да ги возам сите, дефинитивно. McLaren-от е најегзотика од сите, баш пошто е McLaren.
Малце прошетав и одма се вратив со Хефнер и Хенеси. Тие се хиперколи, или не?

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Ferrari LaFerrari vs Porsche 918 Spyder vs McLaren P1
« Одговори #14 на: 20 Ноември 2015, 13:31:58 pm »
Да беше Бугар ќе пишеше дека за тие пари ќе купи зграда во центар со Ферари знаме на влез.

-----------------------------------------------------------------------------------------




Ги гледам клиповиве со воодушевување. Моментално ова се колите кои го претставуваат врвот на роуд легал технологијата. Може да кажеме дека трите се за почит со нивните перформанси, но според декларираните бројки и покажаните резултати на споредбиве јасно се разликува кој е подобар, а кој полош. За мене има јасен победник:














1. McLaren P1 - Брутално за возење и најбрзо, спуштање на копче, најдобра прегледност и електричен мод за низ град - Ова е дефиниција за Hypercar!

2. Porsche 918 Spyder - Иако има најскромни бројки за тежина, сила и цена, убедливо се држи на врвот. Единствено не ми се допаѓа тоа што изгледа премногу лесно, па дури и досадно на моменти за возење. Инаку ова е кола која покажува колку е напредна технологијата на Porsche.

.
.
.

3. Ferrari LaFerrari - Има најглупаво име. Не е ништо повеќе од побрза 458 Italia, или посовремено Еnzo. Покрај најдобрите декларирани бројки, убедливо испаѓа последно на сите споредби. Ентериерот е толку затворен и темен што го гледав Крис Харис како во затвор да седи. А и одпозади изгледа како слон со сурлата во средина.