Не дека сум пристрасен, но... Ентериерот на тројката можеби е конзервативен и досаден, ама е подобар од конкурентите. Истиот муабет беше и за е46ката фејслифт. Ентериерот досаден и конзервативен. Мондеото со круговите, Ц класата со тркалцата, Јагуарот со тастатурата на шалт табла, итн беа сите подобри од него како дизајн. Целосно истите муабети.
После десет години, стави ги едно до едно, или користи ги секојдневно и двете, БМВ-то изгледа светлосни години пред другите. Едноставно, животниот циклус на на еден конзервативен, а во исто време многу функционален дизајн, е многу подолг и благопријатен за секојдневно користење отколку една новогодишна елка.
Не за џабе и самата Џулија внатре е кажи речи, монохроматска. Визуелната перцепција за простор, бои и функционалности е доведена на минимум. И самиот бренд менаџмент и кампања цели кон нешто друго. Затоа што сите знаат дека Алфа има killer design. Но, новогодишните елки се продаваат еден месец во годината.