Каква кола човече... Волкави импресии од автомобил не сум имал одамна. Прекрасно ауто, за мерак! Пред да се повозам во колава ги имав изгледано скоро сите посериозни тестови ревјуа и слично, одприлика бев спремен што да очекувам но тоа што го видов таму навистина моите очекувања се покажаа како многу скромни. Ќе почнам со дизајнот: Елегантен не многу нападен и интересни дискретни детали. Мене малку ми е чудна во задниот дел ко нешто да ми фали ама нејсе се на се е суперБ. Внатрешноста е перверзии во секоја мисла на зборот почнувајки од премногу удобните сетишта до пространоста и практичноста посебно на задната клупа која ги збира Мартин со Зеро во скут и сеуште има 10на сантими простор за колената на Зеро
до моментот на регулирање на климата од страна на директорот што ќе се вози позади, мераци. Багажот приказна за себе ОГРОМЕН! Пробавме Мартин да го пикнеме внатре ама покажа непослушност
Вожњата е уствари лебдење низ асвалтот иако има 17ки ја би одел на 16ки за уште подобар комфор. Коа му го кажав ова на Зеро ми се наљути
Моторот солидно влече на угорница со оглед на тоа дека бевме 5 души од кој двајца ги рачунаме за по пола човек поради нивниот габарит. Според кажувањето на Зеро просек од 6 литри при секаков тип на возење од ранг на 600км??? Чоече 6 литри, па моено со 100 коња троши 6.5 да муеам! Се на се најгоелем адут на колата и е цената 26.000 евра! Што друго ќе купиш ти за 26,000 евра и тоа 26 илјади по каталог (каде се попустите „ко за тебе“)? За 26.000 евра добиваш ЛИМУЗИНА со секакви чуда од опрема со место во кабина на хокеј игралиште. Браво! Едноставно браво за Шкода, Чешка е закон и, така.......
Фала до Зеро за приликата што ја даде!