Автор Тема: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription  (Прочитано 20984 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #60 на: 20 Октомври 2015, 09:08:03 am »


Кај нас освен класата, исто така многу важно е за колку пари си го купил возилото. Па ете од Мида им текнало да им дадат можност на нивните муштерии, да се пофалат дека одвоиле над 100 000 евра за Џип.


На кои петорица муштерии поточно мислиш?

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #61 на: 20 Октомври 2015, 10:41:14 am »
Не знам како да го испочитувам брендот кога ми кења цена со 4 цилиндри мотор. А го почитувам Волво брендот ама сакам барем 6 цилиндри. Па што би недостасувало ако истава технологија се примени во 6 цилиндерски дизел?

Сепак кења импортерот како што се чини со ценава, така да ќе се задржи високото мислење за Волво.

Ако го тргнеме погледот од цената, секоја чест за сите безбедносни системи и напредни технологии. Луѓето плаќаат за да се побезбедни. Да, и те како е битен аудио системот.

Се на се, измешани чувства.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #62 на: 21 Октомври 2015, 10:00:35 am »
А бе ви текнуе на Пасат од 60 и кусур илјади евра со 4 цилиндричен дизел?! Шо ве чуди толкаво џипиште за 80.000...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #63 на: 21 Октомври 2015, 10:03:40 am »
Чуди што е 120000 :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #64 на: 21 Октомври 2015, 10:10:14 am »
А она алфата со прдалникот од 1.75 моторче и 90.000

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #65 на: 21 Октомври 2015, 10:20:04 am »
А бе ви текнуе на Пасат од 60 и кусур илјади евра со 4 цилиндричен дизел?! Шо ве чуди толкаво џипиште за 80.000...
Toj Пасат го испосликаа, го повозеа 2 недели и се продаде за 43.000. Фин попуст.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #66 на: 21 Октомври 2015, 10:20:27 am »
Одвалуење муабетов, као Стратро со реднек мобилот.

А она Вејронон па шо безвезе цена има...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #67 на: 21 Октомври 2015, 12:36:20 pm »
Да не беше ценава така партизански опната, поише од 2 страни немаше да има темава.

А џипот за убав - убав.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #68 на: 21 Октомври 2015, 13:01:25 pm »
Па ќе се наредевме 7/8 луѓе да кажеме дека е убав и толку, нема за што да дискутираме ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #69 на: 21 Октомври 2015, 15:02:11 pm »
Ќе ја заобиколам цената.

Колава е „вовед“ во новото Волво. Од кога се Ford „се ослободи“ од Волво, Швеѓаните пркнаа. Ќе рече некој „ама сега се со Кинески газди“ - а јас на тоа одговарам - нема тоа никаква врска. Кинезите ги купија ради know-how и ради имиџ. Од друга страна, Volvo доби скоро непресушен извор на пари да прави оноа што сака и знае да го прави. Концептите изгледаат одлично, а според XC90-кава, и финалните продукти ќе бидат одлични.

Конечно, Volvo ќе има продукти со кои реално ќе може да им се меша на германците. Едвај чекам да ги видам следните модели.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #70 на: 21 Октомври 2015, 15:11:52 pm »
Незнам колку е визија и мисија на Волво да им се спротистави на германците од аспект на тоа да им земат дел од колачот. Тоа можеби ќе се дојде само по себе. Сум бил во многу држави со северна и северноисточна европа. Ново Волво возило е нешто што се смета за премиум ама различно нели, а Волво на старо е синоним за издржливост во смисол дека нема корозија и такви заебанции по 10 години користење. Ако живееш во Македонија некогаш и ненамерно мислиш дека Волво е нешто што не се вози често. Да, но во јужна Европа. Северниот дел и Америка, работата е сосема различна.

Волво во овој дел како што споменав растура ама буквално. Тоа не е од сега почнато туку одамна. Што се вика по нашки секоја трета нова кола на улициве е Volvo XC60 или некоја V веризија (50, 70). За на старо XC90 е исто толку достапен колку и БМВ Х5 итн. Волво в70 на старо е најпродаван караван. Волво во поглед на нови технологии беше во врвот и под капата на Форд и сега.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #71 на: 02 Декември 2015, 17:15:31 pm »
Пошо секој ден сум во фабриката на Волво го изнагледав ХЦ90-та упм е,перфекција...Денес заприметив некоја верзија Т8 шо мотор носи кој го знае.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #72 на: 02 Декември 2015, 17:45:37 pm »
Скоро 400 коња

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #73 на: 02 Декември 2015, 17:49:18 pm »
Точно 400.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: CARclub Тест: Volvo XC90 D5 Inscription
« Одговори #74 на: 02 Декември 2015, 22:58:49 pm »
А бе ви текнуе на Пасат од 60 и кусур илјади евра со 4 цилиндричен дизел?! Шо ве чуди толкаво џипиште за 80.000...
Незнам зошто воопшто се споменува Пасатот? Пасатот тестиран од Зеро е 56 900, Волвото 118000. Разликата е 61 100, односно повеќе од дупла.