tomaso може по пп да ми кажеш што све користеше од материјали и како иде постапката? 
Еве тука можам да споделам.
Постапката е следна:
Прво миење убаво на бандашите.
После за чистење користев
На бормашина за побрзо да оди, можеш и со обична челична четка, само ќе одземи повеќе време.Треба пазење да не ги изгребиш премногу, оти повеќе време ќе одземи после со водна шмиргла кога ќе треба убаво да се истружи за да се измазни.
Нареден чекор со водна шмиргла 280ка шмирглање, па пак миење и од кога ќе се исушат тогаш маскирање.

И за фарбање го користев овај спреј.

300 денари ме кошташе цел зафат и неколку саати потрошено време.
им стави лак ?
солта и водата ќе ги уништат во случај да не си ставил
Не не сум ставил, ова ми беше прв аматерски обид за фарбање.Ако издржат, издржат ако не за догодина ќе ја повторам постапката ама како што треба.Со демол прво се да се исчисти и прајмер па боја некоја темно сива.