Автор Тема: Honda Civic 1.4is  (Прочитано 53934 пати)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #15 на: 19 Октомври 2015, 20:54:02 pm »
После полирање, ми се прогледа како   што треба.Нема потреба мислам од нови сијалици сеа.Штета не сум наоравил слика пред полирање ама разликата е баш ден и ноќ.

И со долго една

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #16 на: 30 Октомври 2015, 00:04:27 am »
Изминатите десетина дена сработено нешто на колата.После прогледвањето сега си доби и звук нов.


Наместен како од фабрика да е.И браникот сечен да не виси ауспухот.

На ниски обртаи има длабок звук, е сега над 6000rpm си е бучен и танок(ако може така да се опише).
Ептен мерак ми направи, возам со отворен прозор и исклучено радио да го слушам како 'рже ;)


Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #17 на: 30 Октомври 2015, 01:14:37 am »
Вчера беа променети манжетни на летвата, јабучици и крајчина.Требаше само на левата страна ама јас сменав пар.Мислам редно беше после 261000 да се променат.

Vector се крајчината и јабучиците, набавени по 900 и 1000 денари.А манжетните longho 800денари.
Се надевам ќе се покажат како поквалитетни, да не се џабе платени само за такви.

Висечите јабучици ок биле, ама ќе ги менувам и тие и да биде комплетно.Требаше се наеднаш ама ете тоа заедно со задните буфер гуми или чаури како и да се викат.Наредна недела да се набават и да си биде се комплетно.
 
Денес купени 4 нови гуми Hankook icept rs w442


Центрирана предницата и како нова кола да возам веќе.Наштеловано како што треба.Убаво е чувството кога си знам дека возам технички исправна кола.Спремна е за зимската сезона.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #18 на: 30 Октомври 2015, 09:54:12 am »
Создравје да си ги абиш новите гуми и делчиња по нашите ,,патишта,,. Издувот ти кажав супер испаднал, културно не паѓа во очи. :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #19 на: 30 Октомври 2015, 10:18:11 am »
КрајчиЊата море :D

Доста со то крајчината,...дечината... :D ;D ;D

Се зезам. Убо си го средваш количето. Мераклиски. Така треба.

Инвестираш во работи во кои треба да се инвестира.

За бандафчиНа шо ќе прајш?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #20 на: 08 Ноември 2015, 23:41:30 pm »
Бандафчина набавени веќе :)




Ќе се има занимација зимава, ќе се полират венците на бандажите.И можеби ќе се фарбаат во некоја нијанса на purpple.Нешто како ова пример...


Набавени vector висечи јабучици, и чаури за назад.Најверојатно ќе се сменат во следните неколку денови и термостатот да се провери ќе треба.

Планови наредни спирали некој дали h&r, eibach или шо ќе се најде нешто што ќе излези.Има време до на пролет.Па затемнување, вадење на бришачот од назад, некој JDM sticker.....
И да фарбање на ретровизори, лајсни на врати и браници, рачките на вратите,како и кровот и хаубата.Вaка после миење на колата изгледа како првут да има бидејќи се лупи лакот.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #21 на: 08 Ноември 2015, 23:51:51 pm »
Со здравје да си ги тркалаш :) Супер планови имаш, само јас би предложил лајсните на браниците да ги затвориш :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #22 на: 08 Ноември 2015, 23:52:08 pm »
Ќе има уште една средена хонда по прописи, браво !
Кога веќе ке го вадиш бришачот позади, извади ги и лајсните многу поубаво изгелда без нив, лоше е што ќе треба да се фарбаат цели браници после..  :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #23 на: 08 Ноември 2015, 23:56:58 pm »
Размислувам и за таа варијанта, поубаво ќе изгледа така само....некој од комшиите или од тие што заглавуваат во улицата, ќор сокак е ме премислува.

Го поминал изгледа со гумата браникот и лајсната.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #24 на: 09 Ноември 2015, 03:14:21 am »
Бандафчина набавени веќе :)

Ќе се има занимација зимава, ќе се полират венците на бандажите.И можеби ќе се фарбаат во некоја нијанса на purpple.Нешто како ова пример...


Фино бандавче, со здравје да се тркала! :)

Ова purpple изгледа по комшиска линија ви е :D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг:
« Одговори #25 на: 09 Ноември 2015, 03:57:33 am »
Фала, фала поубаво и полесно да се враќа :)
Ете љилаво нека биде или циклама или шознам.ае да не бидеме како жените сеа со боите, мислам се разбравме :)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #26 на: 09 Ноември 2015, 11:09:11 am »
Lajsni nikako vadenje, cak sto ja i na koli sto nema bi napravil so zakon da mora site da stavat ( posebno na vratite ) za zastita od stoka narod . A da i i strogo vo crna boja so malku rapava tekstura, za vo slucaj da se izgrebat da mozat mnogu lesno da se sredat so bumper sprayce za sitna para  ;)

Отсутен AlenSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Honda - The Power of Dreams.
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #27 на: 09 Ноември 2015, 15:52:11 pm »
Lajsni nikako vadenje, cak sto ja i na koli sto nema bi napravil so zakon da mora site da stavat ( posebno na vratite ) za zastita od stoka narod . A da i i strogo vo crna boja so malku rapava tekstura, za vo slucaj da se izgrebat da mozat mnogu lesno da se sredat so bumper sprayce za sitna para  ;)

Тогаш да купиме сите лада нива џипови. ;D

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #28 на: 09 Ноември 2015, 17:11:32 pm »
Oti taka vikas more ej  :D
Ubavo licat crni lajsni na branici i na vrati, em kako moden detal em prakticni   8)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Honda Civic 1.4is
« Одговори #29 на: 09 Ноември 2015, 17:15:07 pm »
Личат убаво и практично е ама еве шознам... Поубаво некако без нив е




Некако поспортски делува во една боја цела кола.