Автор Тема: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci  (Прочитано 12178 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг:
« Одговори #45 на: 10 Октомври 2015, 12:01:06 pm »
Не, глупост (според мене и моето скромно искуство) е тоа дека било која кола (според Никола) ќе се растропа за една година и 50.000 км.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #46 на: 10 Октомври 2015, 13:50:41 pm »
Така е, но исто така твоето мислење е директно поврзано со мислењето во врска со Гојдо. Како и да е...

Поентата е дека ова твое мислење
Цитат
Во најмала рака, ене го на Бушавиот меганот, една од најстегнатите коли што сум ги видел
и мислењето на Гојдо кое што не го оспорувам ниту мислам дека е лага
Цитат
Другар мој доби службена Лагуна во 2009–та со 1.5dci. За една година на отворено сврте 50.000km, а кантата изгледаше ко да има пола милион свртено. Внатре буквално крцкаше од сите страни, возачката врата шкрипеше при отварање и затварање како стар креденец
во секој случај, се се сосема различни мислења и тоа е во ред. Но овие две мислења имаат нешто заедничко а тоа е дека и двата примери се Рено :). Така да коментари како
Цитат
1. Дека рече од лични искуства ќе се воздржам од пљукање по рено кантите.
2.Ако се решиш да купуваш канта, внимавај да не ти го збрчи некој со поебани дизни па со кантана за тие 6-7 години ги научи сите делови 3. Верувам дека магаре е подобар избор од Рено
на ваков форум треба да се забранат, без разлика дали тоа е Рено, VW, Мазда итн. едноставно не водат до никаков квалитет и карање меѓу форумџии.

Отсутен medvedenko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #47 на: 10 Октомври 2015, 14:30:42 pm »
Jas ja postaviv temava zosto navistina sum vo nedvoumica, imam 2 deca a mi treba i kola so pogolem gepek, znaci nekoj od ovoj tip na vozila, buzetot e nakde do kaj max 7000 evra, do sega toa sto vidov senikot najmnogu me bendisa pa i zatoa za nego pisav, a eve cisto kkao sovet od vasa strana sto bi mozel da gledam drugo za tie pari, fiat doblo, zafira , c4 pikaso, ???

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #48 на: 10 Октомври 2015, 14:34:03 pm »
Другар не се замарај со коментариве пошто во принцип се напишани повеќе од гаталци одколку од паталци. Сценикот е топ од тоа годиште и прошетај, разгледај ќе ти упали некој добар примерок.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3926
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #49 на: 10 Октомври 2015, 14:36:06 pm »
Пак ке ти пишам земи најди добар примерок од сеник и носи го на проверка... види што ке ти каже мајсторот ако е добро зимај го и вози, напрај му еден сервис и не се замарај, тука нема да добиеш никаков друг одговор освен да купиш wv т.е. ете ти шаран.Пошто нели голф е најдобар што на 50,000 км ланче тропа,загадува колку топилница во Велес ама сепак тоа е wv и е најдобар!
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #50 на: 10 Октомври 2015, 16:03:33 pm »
Место ова да ти биде првиот пост на темава, иако би можел да биде малку по опширен со цел да му помогнеш на човекот, твојот прв пост е
Цитат
Се сложувам целосно со Гојдо. Од лично искуство. Од исто такво лично искуство на формувов не навлегувам во разјаснувања. Некој ако не го мрзи нека пребарува низ постовите.
Значи ти се сложуваш дека Рено = канта. Форумов е автомобилски и барем од тој аспект очекував повисоко ниво на дискусија на помагање на членови а тебе вусшност те мрзело да го пренсеш лошото искуство на оваа тема и полесно е да кажеш да бе гојдо, рено=канта.


Имам низ форумов доволно напишано. Ако сака ќе најде. Значи од лично искуство се сложувам со ставот на Гојдо. Не знам што се навреди толку? Еве ти си пишал од лично искуство Реното е супер.
Човекот сам ќе си реши кога ќе насобере информации од туѓи лични искуства. 

„Дискусијата“ како што гледаш повторно зафати дефанзивни и офанзивни правци зависно од личните искуства. А според моите лични искуства на форумов дискусијата нема да му помогне кога ќе почнеме а се препукуваме со спротивните лични искуства.

Веројатно најдобро е да се стави на гласање. така барем анонимно ќе собереш искрено мислење на мнозинството без паламудење.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #51 на: 10 Октомври 2015, 16:56:15 pm »
Си дозволувам да го употребам зборот канта затоа што се однесува на предмет, а не на сопственик на таков предмет, и се извинувам ако некој сопственик на таков предмет го навреди тоа што сметам дека избрал канта, немав намера да вреѓам нечив избор!
За мене најдобра асоцијација за метална кутија на четири тркала која не можеш да ја возиш, а внатре можеш да фрлаш ѓубре е канта или контењер. Па така и ги нарекувам бившата канта на сестра ми и контењерот(бидејќи е поголем од канта) кој го возам во моментот. Се слагам дека се работи за поединечно искуство што не значи по автоматизам дека сите Клиа и сите Крузови од таа генерација, а уште помалку сите Реноа и сите Шевролети, се канти(макар што искрено мислам дека се), но го задржувам правото да го вреѓам брендот бидејќи у моја фамилија 100%(1 од 1) од возилата на Рено и Шевролет биле канти. Затоа постојат и други мислења на членови кои имале искусто со Рено, па авторот на темава нека суди.

Инаку од тие 50K km на Лагуната, 40K беа возени на автопат Скопје – Градско, така да не држи вода муабетот дека било возено по дупки и слично. Моја претпоставка дека колата си имаше други фалинки поради кои за година дена така лошо се раскрцка. По логика претпоставувам дека има сјебан држач(и) на мотор или нешто слично па сите вибрации се имаат пренесувано во кабината од што се има раскрцнако ентериерот, а и самиот дизел мотор кога работи прави вибрации(и покрај тоа што common rail дизелите се доста рафинирани) кои исто така ја растропуваат кабината. Тоа е моја претпоставка, а што беше причина не знам, дургар ми колата ја возеше година и кусур по што замина од фирмата.

Ако ја споредам таа Лагуна на пример со Крузов, кој има поминато 75K km во моментов за период од 3 години, од кои само оваа година има поминато околу 40K km, Крузот не крцка и не тропка ни 5% од Лагуната. Но затоа со него преживеав еден куп проблеми што ми дава за право да го наречам контењер бидејќи може да биде само тоа кога веќе не можам да го возам. И немам проблем да си кажам дека е срање и не го бива, дека е сработен катастрофално и дека има најфуш материјали кои може да се употребат. Но исто немам проблем да кажам дека Маздата 6 беше фантастична лимузина од која бев презадоволен и дека ми е криво што ја продадов(за безпари).

@bramovsk
Те молам сподели мислење за Рено, неможам да го пронајдам на форумов, а и мислам дека е место на темава да се спомне.

@medvedenko
Јас од тоа што го наброја ништо не би купил, а ако се задржиш на нив би гледал единствено Зафира.
« Последно менување: 10 Октомври 2015, 17:02:05 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #52 на: 10 Октомври 2015, 18:55:21 pm »
Вујко ми има Сценик, баш со 1.9 дци мотор од 120 кс. Колку што знам на два пати до сега му се случиле дефекти со електроника, првиот пат нешто поврзано со рачната кое го реши кај некој мајстор за 500 ден (другите му бараа 3000 пошо толку се разбирале) а вториот пат не се сеќавам, знам дека не можеа да ја запалат и мораа да ја шлепаат. Мислам дека нешто ситно било ало доволбо да нејќе да пали.

Така да, некогаш не е само колата колку и некој нормален мајстор да најдеш. Најдобра кола имај, ако ти се погоди некој што ти мења делови без да знаеш, или појма нема од сервис никогаш нема да искочиш. Така да можеби не е лошо да си видиш и кој би ти ја одржавал колата.

И најискрен совет, на светот нема ништо сигурно освен дека ќе умреме и платиме данок :) Со среќа во потрагата. Шо велат, не се секирај што и да купиш ќе се заебеш :)

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #53 на: 11 Октомври 2015, 10:07:18 am »
Гледај да најдеш најсочувано си најмалку км не е битно која фирма исто срање се опел рено фиат ввв форд пежо

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #54 на: 12 Октомври 2015, 19:52:18 pm »
Аутоматик у Клио и се фул, или треба да си апла лаик или имаш брат педер, кој исто така е лаик ;D :D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #55 на: 12 Октомври 2015, 20:19:29 pm »
Те лаже мајка ти. :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!