Си дозволувам да го употребам зборот канта затоа што се однесува на предмет, а не на сопственик на таков предмет, и се извинувам ако некој сопственик на таков предмет го навреди тоа што сметам дека избрал канта, немав намера да вреѓам нечив избор!
За мене најдобра асоцијација за метална кутија на четири тркала која не можеш да ја возиш, а внатре можеш да фрлаш ѓубре е канта или контењер. Па така и ги нарекувам бившата канта на сестра ми и контењерот(бидејќи е поголем од канта) кој го возам во моментот. Се слагам дека се работи за поединечно искуство што не значи по автоматизам дека сите Клиа и сите Крузови од таа генерација, а уште помалку сите Реноа и сите Шевролети, се канти(макар што искрено мислам дека се), но го задржувам правото да го вреѓам брендот бидејќи у моја фамилија 100%(1 од 1) од возилата на Рено и Шевролет биле канти. Затоа постојат и други мислења на членови кои имале искусто со Рено, па авторот на темава нека суди.
Инаку од тие 50K km на Лагуната, 40K беа возени на автопат Скопје – Градско, така да не држи вода муабетот дека било возено по дупки и слично. Моја претпоставка дека колата си имаше други фалинки поради кои за година дена така лошо се раскрцка. По логика претпоставувам дека има сјебан држач(и) на мотор или нешто слично па сите вибрации се имаат пренесувано во кабината од што се има раскрцнако ентериерот, а и самиот дизел мотор кога работи прави вибрации(и покрај тоа што common rail дизелите се доста рафинирани) кои исто така ја растропуваат кабината. Тоа е моја претпоставка, а што беше причина не знам, дургар ми колата ја возеше година и кусур по што замина од фирмата.
Ако ја споредам таа Лагуна на пример со Крузов, кој има поминато 75K km во моментов за период од 3 години, од кои само оваа година има поминато околу 40K km, Крузот не крцка и не тропка ни 5% од Лагуната. Но затоа со него преживеав еден куп проблеми што ми дава за право да го наречам контењер бидејќи може да биде само тоа кога веќе не можам да го возам. И немам проблем да си кажам дека е срање и не го бива, дека е сработен катастрофално и дека има најфуш материјали кои може да се употребат. Но исто немам проблем да кажам дека Маздата 6 беше фантастична лимузина од која бев презадоволен и дека ми е криво што ја продадов(за безпари).
@bramovsk
Те молам сподели мислење за Рено, неможам да го пронајдам на форумов, а и мислам дека е место на темава да се спомне.
@medvedenko
Јас од тоа што го наброја ништо не би купил, а ако се задржиш на нив би гледал единствено Зафира.