Автор Тема: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci  (Прочитано 12221 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #15 на: 09 Октомври 2015, 08:27:53 am »
Мазда дава 11 години гаранција од корозија. Зошто ти се појавила не знам. Кај мене немаше ама буквално ништо кородирано, ете нека каже Виктор(членот од форумов кој ја купи од мене) дали има или не.
И воопшто не се согласувам околу дизел моторите. Сум возел многу дизели и до сега со нитуеден дизел немало проблем. Сите биле редовно и прописно сервисирани на овластен сервис, гориво полнето во Макпетрол, исто ко контењеров(Круз) кој го возам сега. Сепак дел од кривицата за некои проблеми со контењерот ја префрлам на "стручните" "професионалци" од Аутомакедонија. Мислам дека дизната рикна поради лошо вграден комон рејл, т.е. незаштрафена дизна ко шо треба. Исто и за цревото за гориво кое наводно се откачило, верувам дека "стручњакот" не ставил осигурач. Контењерот практично на секои два месеци седи две недели во сервис, исто ко кантата на сестра ми. Плус два пати ми се усра со нафта па помесец дена го луфтирав. А да не зборам какво ефтино ѓубре од материјали има контењерот спореден со Маздата и колку сето тоа е лошо склопено. Просто опишано Шевролет се канти исто ко кинеските скутери, навидум имаат лик и многу опрема и квалитет како чевли за мртовец.
Околу 1.6 100кс аутоматик, тоа е сосема доволно моќен мотор за во град за жена која не поседува незнам какви шоферски способности. Грешката е што купи Рено. А и за Гољфот не знам колку е рационален изборот, јас не го сакам од субјективни причини затоа што е икона на иридентизмот на Балканот и е пре извикан за она кое го нуди за парите.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #16 на: 09 Октомври 2015, 08:53:25 am »
Мазда како и сите производители дава околу 10-11 години гаранција. На северов (каде што јас живеам) нема Мазда која што не е постара од 3 години а да нема корозија на подвозје. Почнува од штрафови па се шири полека на сите делови од суспензијата и се додека не почне на праговите, 5та врата итн. Нема што да лажам. Затоа си купуваш Тојота и мирна глава.

А за Мазда да покаже корозија во Македонија тогаш би требало минимум 10 години да поминат, мада и тогаш можеби не би имало корозија. Разликата е што на северот кога купуваш кола на старо, макар да е 5 години гледаш дали има корозија фатено. Зимите овде се немилосрдни. Доколку возилото не е крпено, тогаш со француско или германско возило нема да имаш никакви проблеми ниту после 15 години. Затоа и цената на половна мазда е многу ниска, дури и пониска од француските возила. Форд исто така не е далеку од проблеми со коризија. За македонски услови мазда е ок избор.

Нешто во стил на ова

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #17 на: 09 Октомври 2015, 09:03:18 am »
Кога ви ги читам искуствата, испаѓа мојана Алфа 147 како најдоверлива кола ;D ;D ;D

Никогаш не се случило од прва да не запали, никогаш не ме оставила на пат, никогаш чек мотор не светнало, АБС и сл (освен аирбег :) ) Једино што сум менувал подвозје (еднаш), и што треба да менувам сет квачило кај и да е ...

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #18 на: 09 Октомври 2015, 09:29:09 am »
Мазда 6 ко на Гојдо, 2005г, први сопственици, 400000км, НИКАКОВ проблем. Само редовно одржување.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #19 на: 09 Октомври 2015, 09:32:00 am »
Мазда како и сите производители дава околу 10-11 години гаранција. На северов (каде што јас живеам) нема Мазда која што не е постара од 3 години а да нема корозија на подвозје. Почнува од штрафови па се шири полека на сите делови од суспензијата и се додека не почне на праговите, 5та врата итн. Нема што да лажам. Затоа си купуваш Тојота и мирна глава.

А за Мазда да покаже корозија во Македонија тогаш би требало минимум 10 години да поминат, мада и тогаш можеби не би имало корозија. Разликата е што на северот кога купуваш кола на старо, макар да е 5 години гледаш дали има корозија фатено. Зимите овде се немилосрдни. Доколку возилото не е крпено, тогаш со француско или германско возило нема да имаш никакви проблеми ниту после 15 години. Затоа и цената на половна мазда е многу ниска, дури и пониска од француските возила. Форд исто така не е далеку од проблеми со коризија. За македонски услови мазда е ок избор.

Нешто во стил на ова
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Не те сватив со тоа на север што сакаш да кажеш, т.е. не сватив дека живееш надвор од МК. Каде живееш?
Инаку тоа е мнооогу корозија, што би рекл јас кородирана канта...:D Околу Рено, не судам од само 2 искуства, тие две искуства се на мои поблиски и двета со проблеми(што ми дава за право да генерализирам), инаку знам и други кои имале многу проблеми со Рено. Знам и други, само не знам што конкретно бил проблем, ми текнува на еден Сеник во Брисел стар 3 години на нашинци одселени. Не знам што беше проблем, ама поврзано беше со електроника и кошташе 2 или 3 иљади евра да се поправи. Чоеков го псуеше и рече дека ќе го продаде и ќе купи друго.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #20 на: 09 Октомври 2015, 09:42:12 am »
Кога ви ги читам искуствата, испаѓа мојана Алфа 147 како најдоверлива кола ;D ;D ;D

Никогаш не се случило од прва да не запали, никогаш не ме оставила на пат, никогаш чек мотор не светнало, АБС и сл (освен аирбег :) ) Једино што сум менувал подвозје (еднаш), и што треба да менувам сет квачило кај и да е ...
Абе види, факт е дека еден од најголемите причинители за недоверливост на автомобил е неодржувањето. Кога имаме официјални сервиси кои што појма немаат што прават, а не сите сопственици на автомобили се разбираат или пак знаат како да возат автомобил правилно, тогаш многу проблеми искачаат. А ако купиш кола половна стара 5+ години тогаш веројатноста за проблеми е уште поголема.

Јас реното го имам од 2011 ми се чини со 85.000 купено. Сега имам 214.000 поминато па никогаш не сум имал проблем да ме остави на пат или да имам проблеми со палење. Најголем дефект е мислам пумпата за серво кога се заеба ама ја репарирав и од тогаш немам проблеми во врска со тоа, сменет ЕГР вентил, возачкото стакло престана да работи ама брзо беше најден проблемот за без пари. Другото се е редовен сервис, чат пат промена на стабилизатор, сменети задни амортизери.

Мазда особено бензинците се едни од најдоверливите коли, ама да повторам во услови односно клима каде што нема многу студови, снегови, сол на патишта и слично.
Цитат
Не те сватив со тоа на север што сакаш да кажеш, т.е. не сватив дека живееш надвор од МК. Каде живееш?
Инаку тоа е мнооогу корозија, што би рекл јас кородирана канта...:D Околу Рено, не судам од само 2 искуства, тие две искуства се на мои поблиски и двета со проблеми(што ми дава за право да генерализирам), инаку знам и други кои имале многу проблеми со Рено. Знам и други, само не знам што конкретно бил проблем, ми текнува на еден Сеник во Брисел стар 3 години на нашинци одселени. Не знам што беше проблем, ама поврзано беше со електроника и кошташе 2 или 3 иљади евра да се поправи. Чоеков го псуеше и рече дека ќе го продаде и ќе купи друго.

Во Латвија. И да, јас се согласувам дека Рено особено сите од втора генерација како што е Лагуната, Меганот, Клиото се релативно расипливи автомобили. Голем удел во тоа има што овие автомобили си бараат малку повеќе внимание во одржувањето. Не дека ги бранам, напротив. Но сеникот од втора генерација е доста добар автомобил за големи семејства. Тешко да се најде нешто толку добро за тие пари.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #21 на: 09 Октомври 2015, 10:42:57 am »
^
Повеќе муабетот ми беше, пошо нели на форумов важи дека Алфа е #1 недоверлива кола, а кога ќе си ги отворат душичките членовиве ....

Инаку и ја се слагам, секоја кола треба да се гледа засебно, а понекогаш и каков сопственик таква кола :) како ќе ја чуваш така ќе те служи.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7218
  • French diamond
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #22 на: 09 Октомври 2015, 12:20:05 pm »
Затоа сега Гојдо при следно пазарење, најдобро да си купиш 2 магариња. Едно за тебе, едно за сестра ти и терајте слободно, не бараат тие одржување, само качи се и терај.

Отсутен medvedenko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #23 на: 09 Октомври 2015, 13:08:13 pm »
Eve jas so mojoy golf mozam da kazam deka imav loso iskustvo rikna turbina, diznite zaebavaat, mi rikna dvete brava ne zatvaraa preku centralno, tuka nema motorce tuka cela brava, podizaci na bregasta i uste nekoi glupi sitnici , i nekako mi dojde preku glava pa vikam aj da probam nesto drugo.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #24 на: 09 Октомври 2015, 14:11:16 pm »
Ако си заинтересиран стриктно за овој модел барај мислења по странски форуми,пошо овде нема да најдиш.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #25 на: 09 Октомври 2015, 14:25:41 pm »
Затоа сега Гојдо при следно пазарење, најдобро да си купиш 2 магариња. Едно за тебе, едно за сестра ти и терајте слободно, не бараат тие одржување, само качи се и терај.
Верувам дека магаре е подобар избор од Рено во секој случај, ама нас коли ни требаат, а не канти и домашни животни. Па наредно коа ќе правиш апгрејд ти купи си магаре па да ни раскажеш за искуствата и предностите во однос на кантата. ;)
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #26 на: 09 Октомври 2015, 14:34:44 pm »
Ајдеее се затера темава во ку*ац во изобилие со тоа кој ќе биде "поуспешен" иронично да се направи паметен на сметка на другиот.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #27 на: 09 Октомври 2015, 15:42:12 pm »
Зборуваме за автомобили и офтопик каде споредуваме со други возила мислам дека е прифатлив со оглед на тоа дека чоекот има отворено и друга тема каде прашува за мислење и на други брендови. Ама офтопик каде на некој му се сронил бисер затоа што некој друг мисли дека брендот за кој вени сече е тешко срање мислам дека не е на место. Не ја сваќам потребата на луѓето лично да си ја сваќаат колта(и други потрошни предмети). Ако кажеш лош збор за "неговиот" бренд исто ко да му псуеш блиска женска рода. Јас се извинувам на сите што им го вреѓам Рено, ама ја би го возел само ако немам друг избор исто ко што го возам Крузот затоа што немам друг избор. :D Кога би требало да бирам помеѓу Круз и Флуенс, ќе ми биде подеднакво тешко како да бирам помеѓу BMW 7 и Audi A8.

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #28 на: 09 Октомври 2015, 16:52:18 pm »
и Lamborghini не го бива се запали немој да сте го купиле.
Комшијата во 2007 година зема нов пасат за 2 години му цркна нешто околу електриката нејкеа вратите да се заклучат и прозорите да се затворат и сеа значи не треба да се купува пасат, имаше и тука некој на форумов на ново ауди му црна компресорот за климата исто така и ауди не треба да се купува пошто нели се канти од коли бидејки на некој не му се погодила.
Ако си загреан за сеникот зимај носи го на мајстор ако е добар пазари го и гас до крај.Тука што се нема да прочиташ, а дел од нив освен резервна гума друго ништо незнаат да сменат ама сепак се експерти за коли!
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Renault Senic 2009-2010 1.5 dci
« Одговори #29 на: 09 Октомври 2015, 18:16:32 pm »
Зборуваме за автомобили и офтопик каде споредуваме со други возила мислам дека е прифатлив со оглед на тоа дека чоекот има отворено и друга тема каде прашува за мислење и на други брендови. Ама офтопик каде на некој му се сронил бисер затоа што некој друг мисли дека брендот за кој вени сече е тешко срање мислам дека не е на место. Не ја сваќам потребата на луѓето лично да си ја сваќаат колта(и други потрошни предмети). Ако кажеш лош збор за "неговиот" бренд исто ко да му псуеш блиска женска рода. Јас се извинувам на сите што им го вреѓам Рено, ама ја би го возел само ако немам друг избор исто ко што го возам Крузот затоа што немам друг избор. :D Кога би требало да бирам помеѓу Круз и Флуенс, ќе ми биде подеднакво тешко како да бирам помеѓу BMW 7 и Audi A8.


Две подеднакво лоши работи. Лично сваќање на колата како за мајка да се збори ама исто толку е лошо да користиш термини како канти. Можеш многу поадекватни лоши зборови да најдеш, а генерализирање на бренд со искуство на сестра, колега е лоша работа исто така.

Како што ти реков овде нема Мазда без корозија, ама ако некој ме праша за Мазда да купи каде што времето како во Македонија тогаш би рекол да тоа е добар избор, и не би рекол абе таква канта како можеш да купиш за 2 години корозија ќе ти фати.