Бидејќи немам покажувач за нивото на разладна течност, сакам надградба со сонда да земам да инсталирам во резерварот, т.е. со две сонди паралелно поврзани заради поголема безбедност во случај едната да откаже.
Инструмент панелот ми е универзален како за дизелашите таков е и за бензинците, така да има доста резервни сигнални покажувачи за различни функции.
Сакам да прашам, како може да се изведе т.е. да се активира некоја сијаличка на инструмент панелот да се користи да ми покажува за разладна течност?
Сите сензори идат во компјутерот па компјутерот после праќа сигнал на инструмент панелот или има некое табличе кај што се врзани сите сензори па поврзани со компјутерот?