Автор Тема: Замена на сијалички (осветлување) на инструмент табла - Peugeot 206  (Прочитано 4866 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6204
  • 69
Една од најголемите клетви или несреќи кои може да те снајде е прегорена сијаличка на инструмент табла.  ;D ;D ;D
Шала на страна.
Ке го пренесам начинот на замена на сијалички на Peugeot 206 на инструмент таблата.
Замената кај сите возила е различна, односно различен е начинот на демонтирање и монтирање на елементите. Нормално има и разлика во типот на сијалички.
Доколку сакате сами сето ова да го правите, би ве посоветувал добро да ги проучите упатствата за демонтирање/монтирање (деинсталација/инсталација) од сервисните упатства. Доколку не сте сигурни дека зафатот ке го завршите со успех, не почнувајте. Во спротивно можете да имате искршени држачи, изгубени жабици, дополнителни изгорени сијалички и во најлош случај потполно нефункционална инструмент табла.
Инструментите се релативно осетливи, нормално оние кои се на сказалка, а не дигиталните. Елементите се исто така осетливи на електростатско празнење, што во превод би значело доколку изгори процесор или во најдобар случај се оштети еепромот, таблата нема да ви проработи. За таа цел препорачливо е да се користат и ESD заштити, поточно врист.
Меѓу другото пожелно е да имате десетина сијалички, доколку се работи за класични мали сијалички, за да избегнете дупла работа, односно дупла демонтажа и монтажа на инструмент таблата.
Најчесто заради една или две изгорени сијалички, при демонтажата страдаат и други, заради тоа што се максимално употребувани, поготовово последниве неколку години кога светлата мораше да бидат постојано вклучени. И при демонтажата од потреси и ситни подчукнувања, ротирање и слично, волфрамовата жичка ке се скине.

Конкретно на Пежо 206 релативно едноставно и брзо се демонтира инструмент таблата. Ако немате сервисно упатство, www.google.com ке ви помогне, или пак www.youtube.com каде што сигурно ке најдете видео како тоа се прави. Јас успеав да исликам неколку слики, па се надевам дека некому ке бидат од помош.

Во конкретниов случај со повлекување нанапред се вади горната пластика и се доаѓа до делот каде што се гледа инструмент таблата.



Во горниот средишен дел се гледа штрафчето кое треба да се ослободи за да може да излезе инструмент таблата. Истото го одштрафуваме и внимателно ја повлекуваме инструмент таблата кон нас.





Внимателно правиме простор за да можеме да пикнеме рака и да ги откачиме двата конектори. Внимавајте на одкачувањето бидејќи конекторите имаат две заштитни котви со кои се оневозможува нивно несакано одкачување:





Комплетно таблата надвор.





Следна фаза е замена на сијаличките, проверка на останатите и тестирање за да се осигураме дека се е како што треба.
Процесот на монтажа односно инсталација е обратен од оној на демонтажа / деинсталација.

Пред да ја ставите горната пластика осигурајте се уште еднаш дека е се како треба.
Уживајте во освежената инструмент табла :)

Доколку имате некој ваков зафат, слободно споделете го во темава, ке му се најде сигурно на некого.
Многу е подобро и полесно доколку има некој оваков туторијал на свој јазик да си го прочиташ.
:)

Евентуално доколку се постираат слики или начини и за други возила, комотно администрација може да го преименува насловот, односно да го избрише она Пежо 206 на крајот.


Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20210
На сличен начин се отвара и средишниот дел. Горе кај екранчето се влече и излегува пластиката, има штрафови се одвртуваат и се вади целосно се што е надоле.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #2 на: 08 Септември 2015, 20:01:38 pm »
На ист начин се отвара и на пунто 1, само што на пунтото шравчињата се гледаат, односно се наоѓаат на левата и десната страна на иструмент таблата. Ќе растурам и јас деновиве, ако не заборавам ќе сликам и ќе постирам тука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг:
« Одговори #3 на: 07 Октомври 2015, 18:20:36 pm »
Јас веќе го направив тоа на Спаркот. Исто е како на пежото.