Автор Тема: Помош проблем со турбина Голф 4  (Прочитано 6743 пати)

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Помош проблем со турбина Голф 4
« на: 25 Септември 2015, 16:46:24 pm »
Моментално сум во Грција на во Полихроно тргнав накај Калитеа и при мала угорница се слушна мало крцнување и изгуби снага колата. Застанав се беше во ред но на наредното тргнување малку црн чад видов зад колата. Турбината е во прашање бидејќи на 2000 обртаи не сака да уклучи турбината а нема повеќе црн чад зад колата. Дали можам да ја возам назад до Прилеп 300км но да го исклучам некако турбото или ќе направам поголем проблем? Ве молам итно за одговор бидејќи утре само би работеле механичарите овде а треба недела да си тргниме за назад. Се работи за Голф 4 1.9тди 115пс код на мотор АЈМ

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #1 на: 25 Септември 2015, 17:10:06 pm »
Гледај да не почне бел чад да дими, тогаш е отидено турбото. Најверојатно имаш проблен со мафот или некое вакум црево, најлесно е кога ќе изгасиш и пак запалиш да видиш дали ќе добиеш турбо. Најверојатно ќе добиеш ама пак ќе ти гасне, може после 200 метри а може и после 200км. Како и да е, само да не дими бело ќе немаш никаков проблем да си дојдеш до дома. Како и да е колата ќе шиба 110-120 без турбо зона.

Отсутен vampo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
  • You miss 100% of shots you never take
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #2 на: 25 Септември 2015, 17:18:50 pm »
За голфот незнам, али механичари имаш во Ханиоти или Криопиги, во Полихроно нема.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #3 на: 25 Септември 2015, 17:22:38 pm »
Моментално сум во Грција на во Полихроно тргнав накај Калитеа и при мала угорница се слушна мало крцнување и изгуби снага колата. Застанав се беше во ред но на наредното тргнување малку црн чад видов зад колата. Турбината е во прашање бидејќи на 2000 обртаи не сака да уклучи турбината а нема повеќе црн чад зад колата. Дали можам да ја возам назад до Прилеп 300км но да го исклучам некако турбото или ќе направам поголем проблем? Ве молам итно за одговор бидејќи утре само би работеле механичарите овде а треба недела да си тргниме за назад. Се работи за Голф 4 1.9тди 115пс код на мотор АЈМ

Некое црево од турбопатиштата не ти е закачено (или некоја стега испуштила). Ако се сеќавам два три пати ти расклопуваа за проблемите со загревањето.  Провери си цревата/стегите/вакумцревцето на турбото. На некоја нагорнина нагло си набил гас, и испуштило негде. Барем три-четири пати истото ми се има случено и на мене.
Прегледај си ги цревата, и си купи некој добар лепак/изолир во случај да има пукнатини самото црево.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #4 на: 25 Септември 2015, 17:56:12 pm »
Ако е скинато негде цревото армирана трака ќе заврши работа до МК. Пред нанесување обезмасти го местото

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #5 на: 25 Септември 2015, 18:25:14 pm »
Нема црево скинато проверени се. Дали е можно некој од N18, N239 или N75 да не даваат проток на воздух? Турбината кога ќе ја запалам колата и кога ја туражирам нормално си работи си свири а кога ќе ја возам како да затајува и над 2000 обртаи чади црно

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #6 на: 25 Септември 2015, 18:41:34 pm »
Можно е да имаш дупнат интеркулер. Исто така доколку имаш проблем со систем за гориво, дизни, пумпа, нема да прави буст т.е. како што викаш нема да пали турбо. Однеси ја до некој механичар, поефтино ќе те фати од шлеп на сред пат.

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #7 на: 26 Септември 2015, 12:27:54 pm »
Дали ако е дупнат интеркулерот можам да се вратам назад со возење полека?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #8 на: 26 Септември 2015, 13:42:23 pm »
ДА, НАЈНОРМАЛНО!!!

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #9 на: 26 Септември 2015, 15:34:38 pm »
Проблемот е откријан. Таја пластичната цевка што оди од EGR вентилот до интеркулерот каде што се спојува со гумено црево со стега се избива. Пробав два пати да ја стегнам два пати ја избива. Сега е наместена стегната до максимум и со полека возење ќе се вратам до пп па да видиме што е индикатор на тоа што ја избива цевката.



Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #10 на: 26 Септември 2015, 16:05:57 pm »
Ти реков провери си ги турбопатиштата (цревата). Три пати мене истото ми се случува.
Зошто е така? Затоа што стегата најверојатно е превртена, и не стега добро (како што беше кај мене).

Кога натепаш нагло гас (не постепено), вентилот за варијабилната геометрија на турбото го изместува аголот на перките на турбината да произведува екстра бууст/притисок. Поради тој екстра притисок избива на најслабата алка (стегата).

Да си купиш убава стега (јас две стеги фрлам досега)... И не ја гмечи нагло. Плавно забрзувај. Во моментот кога ќе натепаш гас, ќе избие.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Martin-Maks

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #11 на: 17 Мај 2018, 12:58:43 pm »
Ovaka kaj mene interkulerot e so brzi spojki  se raboti za Golf 4 131ks ASZ model. Cesto mi izbivaa crevata na interkulerot pri naglo zabrzuvanje i koga najdov nacin kako da gi zategnam da ne izleguvaat mi puka interkulerot. Znaci vo rok od 2 godini ova ke mi bide 3-ti interkuler sto ke go zamenam ima li care nekoe za ova da ne se slucuva ako znae nekoj?
Автомобили во срцето, бензин во крвта и анѓели чувари !!!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #12 на: 17 Мај 2018, 13:48:51 pm »
Земи си Рено.

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk


Отсутен Martin-Maks

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #13 на: 17 Мај 2018, 14:01:26 pm »
Imav reno kaj nego pak za 10 godini 3 glavi na motor smeniv. :D
Автомобили во срцето, бензин во крвта и анѓели чувари !!!

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Помош проблем со турбина Голф 4
« Одговори #14 на: 17 Мај 2018, 14:52:23 pm »
Ovaka kaj mene interkulerot e so brzi spojki  se raboti za Golf 4 131ks ASZ model. Cesto mi izbivaa crevata na interkulerot pri naglo zabrzuvanje i koga najdov nacin kako da gi zategnam da ne izleguvaat mi puka interkulerot. Znaci vo rok od 2 godini ova ke mi bide 3-ti interkuler sto ke go zamenam ima li care nekoe za ova da ne se slucuva ako znae nekoj?

Чипче/тунингче некое има колата? Лош MAP?