Автор Тема: Брисачи  (Прочитано 340923 пати)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Брисачи
« Одговори #1635 на: 11 Декември 2021, 14:39:56 pm »
Deneska kupeni, vaka na prv vpecatok zadovolen sum 😁
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Da se samocitiram posle 1 godina, brisacive se extraaa, nz grcki li se kakvi se, ama pred 1 godina zemav za dusterot staklo se kako prviot den brisat bez damka, deneska kupiv i za picantoto isti. Inaku gi ima vo Lendikom prodavnica za avto delovi ( jas gi zemav od Veles ) pretpostavuvam i vo Skopje vo Lendikom  i na drugi mesta bi trebalo da gi ima. Cena nz zimav i drugi raboti ama ne se skapi 😁

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Брисачи
« Одговори #1636 на: 11 Декември 2021, 14:59:16 pm »
Да пишам во темава, бидејќи имам мака со брисачите... Изместени се и стојат подкренати и тоа доста. Пушташ, прави круг, оди до доле и пак се враќа нагоре.
Има некој мајстор што ке го среди тоа?
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Брисачи
« Одговори #1637 на: 11 Декември 2021, 15:03:23 pm »
Одштрафи ги,спушти ги надолу за 1-2-3 "заби" да си легнат како шо треба и готово.Не е некоја филозофија.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Брисачи
« Одговори #1638 на: 11 Декември 2021, 15:31:01 pm »
Епа изгледа не е, ама за мене ќе да е... :D
Пробувавме со еден пријател летоска и не успеавме.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен WastedCobe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
  • Alfa Romeo 159 TBi
Одг: Брисачи
« Одговори #1639 на: 11 Декември 2021, 16:36:33 pm »
По препорака од @MartinAlfista си купив и јас денес Bosch брисачи од Бис Оил кај Борис салата. Разлика од тие што ми беа на алфата е ден и ноќ.... Цена: 800 денари за два со попуст 15%

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Брисачи
« Одговори #1640 на: 22 Декември 2021, 00:37:34 am »
И јас Bosch ставив назад, одличен е.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Брисачи
« Одговори #1641 на: 22 Декември 2021, 00:56:48 am »
Бреј, ефтини варијанти...
Лично, не би ни размислувал за друго.
Кај мене е дупло :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Брисачи
« Одговори #1642 на: 22 Декември 2021, 01:07:10 am »
Јас купив бош за кај мене и мислам дека е срање, на стартот прави врева и остава како замаглено 2-3 секунди после бришењето, а 20 евра го платив гомното.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Брисачи
« Одговори #1643 на: 22 Декември 2021, 03:14:37 am »
По препорака од @MartinAlfista си купив и јас денес Bosch брисачи од Бис Оил кај Борис салата. Разлика од тие што ми беа на алфата е ден и ноќ.... Цена: 800 денари за два со попуст 15%
Кои беа димензиите на 159-ката?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Брисачи
« Одговори #1644 на: 22 Декември 2021, 09:19:54 am »
Јас купив бош за кај мене и мислам дека е срање, на стартот прави врева и остава како замаглено 2-3 секунди после бришењето, а 20 евра го платив гомното.

Мојата стигна со Бош. Одлични се.
Безшумни и бришат одлично. Задниот е за менвање.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Брисачи
« Одговори #1645 на: 22 Декември 2021, 10:54:09 am »
Јас купив бош за кај мене и мислам дека е срање, на стартот прави врева и остава како замаглено 2-3 секунди после бришењето, а 20 евра го платив гомното.
исчисти ги гумиците со WD40 иако се нови, би требало да се омекнуват и да постигат 100% ефект
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Брисачи
« Одговори #1646 на: 22 Декември 2021, 15:24:52 pm »
Ќе пробам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Брисачи
« Одговори #1647 на: 22 Декември 2021, 16:01:13 pm »
Од досегашново искуство со метлици, секој бренд не дава исти резултати на секоја кола.
А богами, има разлика и од метални до банани метлици.

На i10 пробав 2 пати со банани со катастрофален резултат.
Од металните, Мишелинот не ми маглеше, но оставаше линии, Бош легна од прва.
Имам пишувано во темата за i10

Со Меганот исто имав пробано на 2пати со банани, не ја биваше.

Со i30 бананите убаво бришат, Вуртот ми беа бучни при промена на правец, Праксисот легнаа убаво.

Лани повторно купив Праксис, направиле некоја промена во дизајн и бришеа полошо и од старите, па ги сменив за Лукас кои исто не бришеа убаво, па ја извадив гумата од Лукасот, ја пресадив на старите Праксис банани, и види чудо, бришеа перфектно.

Присутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Брисачи
« Одговори #1648 на: 22 Декември 2021, 16:18:22 pm »
@Mikius ima doktorirano na tema brisaci 😂

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Брисачи
« Одговори #1649 на: 22 Декември 2021, 18:00:21 pm »
@Mikius ima doktorirano na tema brisaci 😂
Ќути, цел живот се "занимавам" со проклетите метлици :D

Пред повеќе години требаше да одиме до едно место со еден колега, и као ај со неговата кола.
Попат почна да роси, ги пушти брисачите, додека стигнавме доживеав нервен слом.
Тоа чкрипење, замачкување, размачкување, намачкување, ништо не се гледаше низ шофершајбна.
Ми идеше да му ги откорнам и фрлам, боље ќе се гледаше без нив.