Конечно го решив проблемот со ладен старт на Авеото. Откако колата ја прегледаа тројца мајстори, еден дури и вентилите и ги штелуваше, ама пари за тоа не ми зеде, и двајца дијагностичари веќе кренав раце и се помирив со проблемот.
Размислував да ја однесам на овластен сервис - Олимпија моторс или Ауто Македонија ама поучен од нивното незнаење, колата ја купив од Олимпија моторс со таков проблем, решив да не ризикувам.
Мајсторите ми даваа разни и неопределени одговори: некој сензор не е добар ама не знаат кој, слаб контакт на електричната инсталација ама не се знај кој, на почетокот првиот мајстор ми продаваше приказна дека требало маслото да се крени нагоре затоа од прва не палела, па плинот ја изместувал бензиската мапа, тоа ми го кажаја дијагностичарите кога колата постојано јавуваше грешка за слаба смеша на горивото кога колата ја возев на бензин.
Конечно колата ја однесов во сервисот на Бис Моторс. Дечките ми кажаја дека пумпата е ослабена и затоа колата тешко пали кога е ладна и јавува грешка за слаба смеша кога се вози на бензин.
Се зачудив затоа што ниеден од тројцата мајстори не ја посочи пумпата како проблем. Луѓето ми рекоја дека незнаат што правеле и проверувале другите ама според нивните мерења пумпата не ги задоволува потребните параметри т.е притисокот е под минималниот. Исто така ми дадоја 1 година гаранција на пумпата и монтажата.
Ја заменија комплетно пумпата со нова оригинал GM од Солид.
Колата пали од прва без поголемо верглање без оглед колку време не е палена.
Исчезна гаснењето, тресењето и лошото примање гас.