Здраво момци и девојки,
Мој прв пост овде и се надевам е на правилното место.
Вака сега, имам проблем кога се пали моторот на колата се појавува чуден звук (во наслов) и трае негде околу 4-5 секунди. За тоа време стрелките на обртометарот, километражникот, гориво и масло стојат во место, наместо одма при палењето на моторот да се активираат, тие малку се тресат горе доле, па после 4-5 секунди се активираат и се си е нормално, го нема веќе тој звук.
Инаку заборавив да напоменам, се работи за Ford Fusion 2006.
Незнам дали е до акумулатор (слаб), дали е до електриката на колата (осигурачи итн).
Се надевам дека некој ке препознае што е проблемот, дали е сериозна работа или пак некоја ситница.
Поздрав и благодарам.