Поентата не е да се користи ННО како погонско гориво, туку да се користи за поубаво согорување на примарното гориво плин (во случајов). Тоа значи ослободување на повеќе механичка енергија, а помалку топлинска, за исто количество на плин.
Водородот побрзо гори и од бензин и од плин, па малото количество (околу 10% во однос на плинот во мојот случај) во смесата со воздух и го помага согорувањето на плинот во цилиндрите. Со тоа се зголемува ефикасноста на моторот, т.е. се зголемуваат економичноста и/или моќноста, но за сметка на тоа и се намалува работната температура на моторот.
Инаку приказните дека од вода со електролиза може да се добие доволно ННО како единствено погонско гориво се луцидни. Не постои перпетуумобиле!.