Интересна тема, па еве и јас да напишам нешто за неа, пошто гледам дека многу ги вреѓаат и потценуваат овие количиња.
За жена ми на времето (2010) купивме Спарк 0,8 од 2008. Како женско таа беше загреана за 206ка, за Јарис, ама ко виде за тие пари какви странски кршови се купуваат, за истите пари си купи 2 години старо количе, уште под гаранција, ама со опрема Серво, Клима, Аирбаг, електрика на стакла, ехтра ЦД-радивце. Со количето досега поминавме над 60.000км, цела Македонија и надвор на скијање во Бугарија, никаков проблем, солидно комфорно.
Да се вратам на темата: и ние имавме иста дилема, дали Матиз или Спарк ама прво Спаркот е сепак (колку толку) понов модел, внатрешноста е доста робусна (на мојот ниту крцка ниту зуе ништо). Не знам дали е правило или не, ама кај неколку Матизи видовме пожолтена/побледена пластика на шалт табла? Кај нас реши тој момент, сепак изгледа како (барем) малце посериозно количе, и да сме реални, технологијата сепак си оди напред.
За одржување редовно си оди кај маршер од форумов, и ако добро памтам и негов совет беше сепак да се оди на Спарк, и тој даде последен збор и при купувањето (со дијагностика). Одржувањето е лесно, ефтино и да ти кажам искрено подобро би сакал жена ми и бебето да се возат во помала кола ама 200% исправна во сите елементи, отколку во некој крш со не знајш кога ќе изгасни или ќе затреси, ќе затропа и сл.
Понашањето (вожња) во град е одлично, супер си постига и одржува брзина и на отворено. Нашиот е со серво така да за возење е песна, ко точаче да возиш.
Потрошња, зависи кој како вози, на отворено се спушта до 5л/100км, во град никогаш не сме испод 8, ама не планирам на плин да одам.
Она што треба евентуално да обратиш внимание, состојба на мењач, и то е то. Друго ама баш све се решава многу лесно и ефтино.
Со среќа да си најдиш нешто да те бендиса и со здравје да си возиш.