Спарк е дефинитивно најдобрата варијанта.
Има понов мотор, понова каросерија, подобра еродинамика, нови седишта и значително подобар комфор од Матиз. Бајаги ги имам возено и двата модела и дефинитивно има јасна разлика. Спаркот троши значително помалку од карбураторскиот матиз.
1000 кубика мотор може да најдеш кај моделот Шевролет матиз, Кај Даеву Матиз и Спарк многу се ретки (скоро и да нема) тие мотори.
Мојот веќе 80.000 км, на плин, 8 години стар никогаш сум немал дефект (освен еден банален кој се реши за 15 мин). На лин се однесува сосем добро без капалка. Имам разговарано со таксист со спарк на плин со 300.000км поминати на плин вели дека немало никаков проблем (некој Ловато, јас имам Ланди Ренцо).
Прашај што точно те интересира. Од трите набројани дефинитивно Спарк е најдобриот избор.