Искрено, се мислев помеѓу 3 гуми, Мишелин Пилот Спорт 4, Гудјеар Егл Ф1 Асс.3 и Гудјеар Ефицентгрип Перформанс. Како што реков, Гудјеар Егл Ф1 ми се испробани, многу се тифки и ефикасни и затоа тие ке ги купам пак.
Влатко, оваа зима била една од најтоплите зими. Башка, не е страшно и да падне снег, опремени се швеѓаните, ма да не верувам дека ќе падне снег.
18ките како да се таман-таман за 3јките, поголеми може за поголем седан, 5та серија. Не планирам да ја спуштам, сега прво нови гумички, па после споилерче назад и М боди кит. Не мислев да ставам М споилери, ама видов една иста бела Е90 (320д) со М бодикит и се предомислив.
Претходно имав други планови, црно бело да ја правам целосно. Црни бандажи, црн грил, црн споилер и црна фолија на покривот како на
сликата, ама сега се променија плановите.
Грил не менам, поубаво стое хром со бандажот, само М бодикит и споилерче, тоа ми е приоритет. Да не требаше да купувам пак гуми, до сега ке си ја средев, ама ке биде.