Фала ти осмица, баш ке бидам што ке направам, имам цел месец да средам до наредна регистрација. Заборавив да спомнам само дека, јас мислев дека треба сите и предни и задни дискови и плочки да се сменат и кога бев на сервис ми викат ке видеме дали има потреба да се менат предните сега или не. Проверија дечките и ми рекоа уште 10к км има за предните, ретко некој така да постапи, особено кај нас, и да има и да нема потреба тие да ти земат парички и ке ти ги сменат. Тоа ми се свиѓа кај нив што нема трте-мрте. Се јавив во таа компанија што регистрира возила и викам таква и таква работа, викам зошто уште лани не ми најдеа грешка, можел сум казна да добијам ако ме сопрела полиција(иако никогаш не ми биле уклучени тие светла) и оп 50% попуст, се извинуваме што сме го испуштиле тој детал и доколку сте имале проблем со полицијата, ние ке ги снесевме последиците(ќе ми платат казната) и уште еднаш се извинуваме и имате 50% попуст на следната регистрација. Фала многу, пријатно.