Се извинувам за пост под пост, ама има еден мал апдејт па... всушност, не треба да има забрана за пост под пост за овај форум, али тоа е само предлог до администрацијата(или барем еден пост под пост да биде дозволен)
Денес времето беше малце помеко, нешто над нулата и решив да ги сменам магленките. Не беше тешко, според линкот што го даде осмица, потешко беше вадењето на џекчето од сијалицата, всушност, тоа беше најтешкиот дел. Инаку, ако некој му треба овие Н8/Н11 лед што ги заменив да му ги причувам до летото кога ке си дојдам, нема не пишува колку вати се ништо, ама си работат нормално. Не се баш истите штрафови како што беа на линкот, ама слично е. Можеби во иднина на некој и ке му послужи, па затоа малце сликовито и детално објаснето. Значи ова беше начинот на кој јас ги сменив и ги следев упатствата од овде:
ЛИНКПрво, потребен алат за овај зафат ми беше потребно
2тонска дизалица +
Клуч 8мм(на линкот беше 10мм, кај мене 8мм) +
штрафцигер(-) или
нож за да се извади пластиката од жлебовите.
Значи, прво тркалото го завртев до крај на внатрешната страна за да има повеќе простор за работа, па потоа ја подигнав колата од едната страна, не мора којзнае колку многу, колку да се одлепе тркалото од земјата за полесно да ги видам и отштрафам долните штравчиња(да не лежам по мразот). Потоа ги извадив сите штрафчиња
(без замерки за дијалектот, ќе ве замолам) , можете да видете на сликите поточно кои штрафчиња. Само тие што се означени со стрелка






Откако ги извадив, потоа со нож(или штрафцигер) ја извадете пластиката од жлебовите и таман се отвара колку да ја мушнете раката и има доволно простор за маневар. (слики нема од оваа процедура пошто беше ладничко и гледав што побрзо работата да ја завршам)
Подетално можете да видете на линкот што го дадов погоре(
линк), значи со едната рака ја држете пластиката на отворот со другата работете, поточно прво го вадете кабелот(контактот, џекчето) од сијаличката, тој дел е најтешкиот дел од целата работа. Кај мене имаше како осигурувач, како жлеб, го тргнав и го извадив. Малце тешко се ваде контактот, али јбг тоа е. Потоа откако контактот е изваден, сијаличката се ротира за 90степени и се ваде, внимателно кога ја фаќате сијаличката, да не ја допрете со рацете за фасонката. Откако ке ја сменете сијаличката, обавезно пред да вклопете се назад, проверете дали свети како што треба, па потоа се вклопувате и тоа е тоа.

Тоа беше околу саат/два работа, полека смирено пратење со секој чекор дали од мојот пример, дали од страната**(
линк) дадена од осмица(ти благодарам друже) и без никаков проблем. Сега е спремна за регистрација.

