Сакам да спомнам уште еднаш,за сите клиенти кои ќе одберат керамичка заштита да ги почестат своите коли,од Gyeon Mohs,добиваат 5 годишна гаранција на керамиката.Во случај од било каква грешка при одржувањето на керамиката од страна на клиентот,реапликацијата е бесплатна и на наш товар.Може некои делови во гарантниот рок клиентот ги фарбал,и таа апликација на поедини делови е на наш терет.Не можеме да прифатиме како во еден случај предходно,наш член,да му аплицираме керамичка заштита на дел што му бил фарбан само,предходно имал некој вид заштита на цела кола.Тоа треба да си го стори во сервисот каде што предходно му аплицирале заштита.Сигурен сум дека доколку им ја објасни ситуацијата нема денар да му наплатат.Не е професионално да аплицираме сосема друг вид заштита на еден панел,додека останатите делови од каросеријата имаат сосема различен концепт заштита.Значи да резимираме:доколку некој има јасна желба да ја заштити својата кола со квалитетна заштита,на располагање сме темелно да му објасниме и понудиме решенија од кои сигурно ќе биде задоволен.
Доколку ја следите редовно темава во иднина ќе ве запознаеме со еден опсежен rewiev за тоа што е всушност"ceramic coating protection",колку видови на керамички заштити постојат,нивниот состав итн.Ќе се задржиме претежно на едукација за врвниот и најдобар бренд во светот Gyeon кој го имаме во Македонија.Гордост е да се пофалиме затоа што е енормно тешко да го добие било која држава овој бренд за продажба.Условите кои треба еден увозник се едноставно дури и нереални.Успеавме да ги убедиме дека и во нашата мала држава има интерес за нивниот бренд.Можете да ја посетите нивната официјална страна и ќе видите дека и Македонија е на листата нивни увозници.Србија сеуште не може да добие која е 4х поголем пазар од Македонија.Досега имаше само во Хрватска.Сите останати држави кои се борат уште да го земат овој бренд ни испратија честитки.