Финтата кај електромоторите е тоа што нај голем вртежен момент имаат на почеток па како се убрзува моторот тој опаѓа. Па така на почеток убрзувањето е најголемо, а потоа тоа опаѓа. Затоа прашувам за понашањето во првата половина од максималната брзина, каде електромоторот треба да сјае, во втората половина веќе не е маркантен. 200NM вртежен момент од 0 вртежи, а на 2.0TDI му треба да сврти од 700-800 до бар 1800 вртежи за да дојде до таа цифра.
Претпоставувам од 0 до 60km/h дека развива за 3-4 секунди, па после му требаат уште 11-12 за да стигне до 100km/h.
Затоа прашував како се понаша до 60km/h.