Се гледа од излагањето на некои форумаши дека имаат некое искуство, а и теоретски дека се подковани,...
Од кај зклучив дека е некаков РЕЛЕЈ? Секоја кола која има халогенки мора да има вграден релеј мислам без исклучок!! (ако грешам исправетеме!). Без релеј, пробајте да вклучувате халогенка/и па одма се ќе ви биде се појасно,...односно халогенката/ките при мало искрење одма оди/ат во вечни ловишта,...ако не верувате, пробајте па ќе видите!!
Како што напоменав во горниот текст, кај мене не се вклучуваат двете светла (лево и десно-долго и средно), иако халогенките се исправни.
Инаку во Фиатот нема како кај Опел корса и други коли копче за вклучување, туку светлата се вклучуваат директно преку levata рачка сместена во ракетата со вртење во правец на стрекката на часовникот. Најпрво се вклучуваат позиционите светла (кај мене при првото вртење се палат-позиционите), а по второто вртење се палат средните (лево и десно), но во случајов заради проблем во инсталацијата не се палат?! Тоа значи дека со рачката е се ОК!! Со стискање на рачката горе долу ги палам левиот и десниот жмигавец/ци! Ова значи дека имам проблем само со долгите и средни (кратки) светла, бидејќи со вртење на рачката во втора положба, не се палат иако се исправни халогенките.
Кај е проблемот сега засега незнам, затоа барам помош од познавачи на оваа проблематика (искуствена или била каква,...),
Благодарам за секаква помош и соработка,...
еве јас ти гарантирам дека 90% “рачката“ ти е отидена. оставам малку шанса и за кабел доводен на контактите (чешелот) да има изгубено... има шанси и тоа...
инаку да те едуцирам... неможе РЕЛЕ да пали и долги и средни... туку мора да се РЕЛИЊА (значи множина, повеке се) затоа и ти велам дека реле не ти е. неможе ни осигурачи да се, затоа што се повеќе, не е ден.
рачката... дел од ракетата... на ротација кога ја вртиш, за позиција, тоа е еден прекидач. на следниот полукруг (четврт круг) е ВТОР прекидач (тој што нај често страда бидејки е и нај експлоатиран). лево-десно кога ја мрдаш за жмигавците, тоа е трет и четврт прекидач. нагоре-надоле за кратко-долго изборот се петти и шести прекидач. и доколку имаш бленда (или свирка) во правец на стискање кон воланор, во чело на рачката тоа ти е седми прекидач. значи, сите овие прекидачи се мали платинки, кои се НЕЗАВИСНИ една од друга. сите правци на тие платинки имаат и соодветен затегач како отпор, за да стојат во место. и било кој еден од нив може да се расипе и само тој да не функционира, а останатите да си работат притоа рачката ке си мрда како и претходно... мали се шансите да се расипе прекидач и рачката да се укочи... едноставно еден на милион расипани се случува тоа...
јас ти дадов совет. ти посочив каде е проблемот и што да бараш... а одтука па натака, ти како сакаш прави. твој избор. да е кај мене колата, знам што ке направам за да истестирам што е и како е, ама на форум не би го пишувал, затоа што прво немам точна слика за да опишам, бидејки има многу жици и разни бои, а само така можам да кажам која жица е за што. второ, и да успеам да објаснам, еден грешен потег и инсталацијата се пали, кола може да изгори, нејкам да носам никого на совест, па макр и штетата да биде 100 денари. затоа и те упатив на елкетричар.